Контакт

Надворешна политика

Иванов: Извештајот на ЕК е објективен, крајно време е Македонија да ги започне пристапните преговори

Објавено пред

Годинешниот извештај на Европската комисија дава објективна слика на актуелните состојби во повеќе области во Република Македонија, оцени во вторник претседателот Ѓорге Иванов.

dobivaj vesti na viber

 

 

Иванов денеска го прими амбасадорот Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, при што евроамбасадорот го информираше за клучните оценки содржани во извештајот, подготвен од Европската комисија.

 

„Имајќи ја предвид огромната поддршка која интегративниот процес ја има од граѓаните на Република Македонија, политичкиот, меѓуетничкиот, социјалниот, и всушност целокупниот општествен консензус за  интеграцијата во ЕУ, трансформативната моќ која ја има самиот процес, недвосмислено упатува на неопходноста со максимална сериозност сите општествени и политички фактори во земјата својата енергија да ја насочат кон надминување на забелешките од Извештајот. Граѓаните на Република Македонија имаат потреба реформските процеси за достигнување на стандардите и исполнување на критериумите да бидат највисок приоритет во наредниот период“, рече претседателот Иванов на средбата.

 

Иванов посочи на неопходноста за промена на status quo состојбата во контекст на отворањето на пристапните преговори за членство.

 

„Крајно време е Република Македонија да ги отпочне пристапните преговори за членство во Европската унија. Треба објективно да се согледаат последиците од предолгото чекање. Политичките кризи се повторуваат и за жал секоја следна криза е со посилен интензитет и поопсежни последици“, истакна претседателот Иванов на средбата.

 

Во однос на Договорот од 2 јуни и Протоколот од 15 јули, усогласени од страна на лидерите на политичките партии, претседателот Иванов смета дека договорените решенија да бидат доследно спроведени, да се надминат политичките надмудрувања и дневно политичките игри. Сите политички актери неодложно и целосно да се посветат на европската и евроатлантската агенда на Република Македонија.

 

„Во иднина очекувам политичкиот дијалог да се остварува во институциите на системот, со доверба во истите и со нивно целосно и безусловно почитување“, порача претседателот Иванов на средбата со амбасадорот Орав.

 

Претседателот Иванов оцени дека Република Македонија ја очекува интензивен период на политичката сцена и повика одговорно однесување од сите политички актери. /крај/со/ст

Извор: МИА

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Филков до Тренчевска: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес, не се носени ниту во висококатница во Дубаи, ниту на јахта во Халкидики

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ за Извештајот на Европската комисија за...

Македонија5 часа

(Видео) Мециновиќ за „Пулс“: На почетокот на декември ќе биде свикана анкетна комисија, да утврдиме каде потфрлиле институциите

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната...

Македонија7 часа

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд, во делови од Западна Македонија се создадоа водни површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија8 часа

(Фото) Откриени повеќе обиди за шверцување: запленети фотоапарати, М-ТАГ апарати, цигари, дрога, автоделови, облека и фалсификувана стока

Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока,...

Македонија9 часа

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...

Македонија9 часа

23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејства, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија...

Македонија9 часа

Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги...

Македонија9 часа

Почна пријавувањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или...

Регион10 часа

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа11 часа

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: многу населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...

Регион11 часа

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати...

Свет12 часа

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет12 часа

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион12 часа

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија23 часа

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија1 ден

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион1 ден

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...

Македонија1 ден

Министерот Тошковски опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој вели дека следи...