Македонија
Возачка дозвола на 16 години
Малолетници со наполнети 16 години ќе се стекнат со право за добивање возачка дозвола. Ова е најважната измена на Предлог законот за изменување и дополнување на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
Малолетници со наполнети 16 години ќе се стекнат со право за добивање возачка дозвола. Ова е најважната измена на Предлог законот за изменување и дополнување на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, усвоен на последната владина седница.
Постар малолетник од 16 години може да се стекне со право за добивање возачка дозвола од „Б“ категорија ако поседува лична карта, треба да е здравствено и психофизички способен, да има завршено најмалку основно образование и да има согласност од родителите.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вели сепак малолетниците ќе бидат ограничени да не смеат да управуваат со возилото во времето од 20 до 05 часот, освен ако во возилото го придружува родител односно старател кој поседува возачка дозвола, а не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.
„Не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 километри на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 километри на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 километри на автопат. Не смее да управува возило чија сила на моторот е поголема од 75 киловати, да влече приклучно возило или да врши организиран превоз на деца, а за стекнување на возачка дозвола, Задолжително ќе биде посетување на 30 проценти пообемна обука, за разлика од останатите кандидати“ изјави Јанкулоска.
При непочитување на овие одредби, на малолетникот возач ќе му биде изречена глоба од 300 евра. Покрај глобата на возачот, постар малолетник ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило во период од три месеца до една година.
Управувањето на автомобилите без возачка дозвола е се почесто. Изминатата година сообраќајната полиција регистрирала 12.500 прекршоци, управување на возило без возачка дозвола. Лицата што управувале автомобили без возачки дозволи учествувале во 448 сообраќајки со потешки последици, во кои загинале 18 лица, а 657 повредени.
Предлог законот за изменување и дополнување на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата предвидено е Заострувањето на казнената политика за запирање и паркирање на возила на места предвидени за движење на лицата со посебни потреби
Глобата се зголемува од 200 на 250 евра ако возачот односно сопственикот на возилото запре или се паркира на места предвидени за движење на лица со посебни потреби./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

