Свет
Убиецот на Рабани бил Пакистанец
Авганистанските власти во неделата навечер соопштија дека бомбашот самоубиец кој го уби авганистанскиот мировен преговарач и поранешен претседател Бурханудин Рабани – бил државјанин на Пакистан.
Авганистанските власти во неделата навечер соопштија дека бомбашот самоубиец кој го уби авганистанскиот мировен преговарач и поранешен претседател Барханудин Рабани – бил државјанин на Пакистан. Истрагата која се водеше под директен надзор на претседателот Хамид Карзаи во писменото соопштение наведува дека доказите и признанието што го дало едно од лицата вмешани во убиството на Рабани извршено на 20-ти септември, откриле дека бомбашот потекнувал од Чаман а дека убиството било планирано во Квета, градови во Пакистан. Истрагата додава дека доказите и информациите за другите соучесници се предадени на властите на Пакистан, за апсење на осомничените. Поранешниот пакистански претседател Бурханудин Рабани и воедно лидер на мировниот совет кој беше задолжен да се обиде да преговара и да постигне политичко примирја, беше убиен на 20-ти септември во резиденцијалната четврт на Кабул.Во нападот беа убиени уште пет високи авганистански функционери, а ранет е претседателот на заедничкиот секретаријат на Високиот мировен совет, Масум Стенекзаи.Портпаролот на талибанските бунтовници во Авганистан, Забиулах Миџахид, ја презеде вината за нападот. Рабани беше поранешен член на муџахединската партија која беше моќна во времето на советската окупација на Авганистан во 1980-те. Претседателот Карзаи ги избра за прв човек на Високиот мировен совет во октомври минатата година. Тој имаше план да понуди амнестија и работа за обичните талибански бунтовници, а азил во трети земји за водачите на талибанските сили.Иницијативата за формирање на Високиот мировен совет беше прифатена на традиционалното советување на влијателните личности (џиграта) во јуни 2010 година, откако пропаднаа обидите за мировни преговори меѓу авганистанските власти поддржани од западните сојузници и бунтовниците./крај/ро/птв/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

