Спорт
Нов кикс на Манчестер јунајтед

Во осмото коло од англиската Премиер лига „црвените ѓаволи“ и покрај водството од 2:0 ремизираа со Вест бромвич албион, додека Арсенал не дозволи уште едно изненадување дома и го совлада Бирмингем иако гостите водеа
Манчестер јунајтед дома одигра 2:2 со Вест бромвич албион, иако полувремето го заврши со два гола предност, со погодоците на мексиканскиот напаѓач Хавиер Хернандез во 5. и Луиш Нани во 25. минута.На почетокот од второто полувреме се чинеше дека Манчестер јунајтед ќе дојде до уверлива победа, но гостите само за пет минути успеаја да изедначат. Прво преку автоголот на Патрис Евра во 50. минута го намалија водството на јунајтед, потоа Сомон Тчои го постави конечниот резултат во 55. минута. Најдобриот играч на „црвените ѓаволи“ Вејни Руни, кој е во судир со менаџерот сер Алекс Фергусон, во игра влезе дури во 71. минута. Тој пред два дена изјави дека нема никакви проблеми со глуждот, како што изјави Фергусон, кој под тој изговор не го вклучи на списокот за натпреварот со Валенсија во Лигата на шампионите одиграна на 29-ти септември, како и на мечот од 7-то коло против Санделренд на 2-ти октомври. Британските медиуми пишуваат дека нивните односи всушност се нарушени по аферата на Руни со проститутка. Арсенал со силна волја, пак, стигна до победата во 800-от меч под водството на францускиот стратег Арсен Венгер. Дуелот заврши со резултат 2:1 во полза на „топчиите“, но откако на „Емирати“ поведоа гостите во 33. минута, преку високиот српски напаѓач Никола Жигиќ кој ја надвиши домашната одбрана. Сепак Бирмингем потклекна откако судијата досуди најстрога казна по очигледниот прекршок над Маруан Чамак, која во 41. минута ја реализираше прецизно Самир Насри. Победникот беше решен уште во втората минута од второт полувреме, откако сега Чамак им побегна на одбранбените играчи на гостите и прецизно биеше во 47. минута.Во лондонскот дерби на „Крејвен Котиџ“ Тотенхем го победи Фулам со 2:1. Во првиот дел од натпреварот многу подобри беа играчите на Фулам, кои во 30. минута дојдоа во водство преку Диоманси Камара. Но веднаш во следната минута, Роман Павличенко изедначи. Рускиот напаѓач прв дојде до топката, која се одби од пречката на голот на Марк Шварцер по шутот на Рафаел ван дер Варт. Победничкиот гол го постигна од Том Хадлстон со прецизен удар од аголот на шеснаесетникот во 67. минута. Тренерот на Тотенхем, Хари Реднап во 70. минута го замени Павличенко со високиот Питер Крауч, во настојувањата да дојде до трет гол и да ја обезбеди победата, но сепак резултатот до крајот на мечот остана непроменет. Болтон го совлада Сток сити со 2:1. Домашните поведоа во 22. минута со голот на Ли Чунг-Јонг, за Сток изедначи Рори Дилап во 48. минута. Важните три бода, Болтон ги освои по голема борба дури во втората минута од судиското надополнување, со голот на хрватскиот репрезентативец Иван Класниќ кој во 90+4 минута од продолжението го заработи и вториот жолт картон и беше исклучен. Во другите мечеви во сабота, Вулверхептон и Вест хем јунајтед ги поделија бодовите, откако поведоа домаќините во 10. минута, со голот на Мет Џервис, а од пенал во 52. минута изедначи Марк Нобл.Нерешено но со вкупно четири голови и многу возбудувања заврши мечот и меѓу Њукасл и Виган атлетик. Гостите поведоа со 2:0 во речиси една минута, односно во 22. и 23. минута кога прецизен беше Чарлс Н,Зогбиа. Упорноста на Њукасл беше наградена прво по 50 минути, попрецизно во 72. минута кога гол постигна Шол Амеоби а бод спасија преку Фабрисио Колочини дури во четвртата минута од судиското надополнување.Во сабота уште ќе се одигра мечот во кој водечкиот Челзи и гостува на Астон вила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER
Спорт
(Видео) Челси преку Палмеирас до полуфиналето на клупскиот Мундијал

Foto/ EPA
Фудбалерите на Челзи го победија Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА со 2:1 (1:0).
Благодарение на победата во Филаделфија „сините“ се пласираа во полуфиналето, каде што ги чека уште еден тим од Бразил, Флуминенсе.
Двократниот европски шампион ја оствари победата благодарение на голот на Кол Палмер во 16-та минута и автоголот на голманот Вевертон во 83-та минута. Стрелец за Флуминенсе беше фудбалерот што „сините“ веќе го купија, креативниот играч од средниот ред Вилијан Естевао.
Крилниот напаѓач Педро Нето беше дел од англискиот клуб од самиот почеток.
Настапот на Португалецот беше неизвесен, откако Челзи му даде одврзани раце да избере дали да игра по смртта на неговиот голем пријател – фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.