Скопје
Фитнес центар на отворенo во Кисела Вода

Современ фитнес центар на отворенo, од среда им стои на располагање на сите рекреативци од општина Кисела Вода.
Во непосредна близина на ОУ “Св. Климент Охридски” во селото Драчево, се поставени повеќе фитнес реквизити-вратила, разбои, клупи, справи наменети за обликување на различни делови од телото, кои ќе им овозможат на сите љубители на спортот, бесплатно да вежбаат и да го развиваат спортскиот дух, да го подобрат својот здравствен статус и подобро да си го организираат слободното време.
Фирмата изведувач “29 Ноември” комплетно ги заврши градежните активности, за кои општина Кисела Вода од својот буџет издвои околу 230 000 денари.
Дека ова место претендира да стане вистински спортски локалитет, достапен за секој вљубеник во спортот, говори и фактот што пред само две седмици, тука, во дворот на ОУ “Св. Климент Охридски”, беше пуштено во употреба ново повеќенаменско игралиште, изградено од страна на Агенцијата за млади спорт, како дел од владиниот проект ”Изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта“ и кое овозможува услови за тренирање кошарка, мал фудбал и ракомет.
Претходно, општината инвестираше во обнова на покривот на спортската сала на училиштето што говори за сериозна посветеност на оваа локална самоуправа да овозможи на секого вежбањето да му биде неизбежен дел од секојдневниот животен ритам.
Дечињата од селото Драчево, пак, добија ново детско игралиште во месноста Дупки. Лулашки, клацкалка, вртелешка и лизгалка, на простор заграден од двете страни, постави фирмата “29 Ноември”, за што општина Кисела Вода издвои од својот буџет 115 000 денари, се наведува во соопштението. /крај/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.