Регион
Една жртва во експлозијата на истанбулскиот аеродром

Почина еден член на персоналот за одржување, од двајцата повредени во експлозијата која одекна ноќта кон средата на истанбулскиот аеродром „Сабиха Ѓокчен“.
Жртвата која е идентификувана како Зехра Јамач, била со фатални повреди пренесена во болница по експлозијата во авион паркиран во делот на аеродромот за сервисирање на леталата. Другата жртва е идентификувана како Канан Бургулу и е згрижена во универзитетската клиника „Мармара“ во Истанбул.
„Во експлозијата чија причина сé уште не е утврдена, беа повредени двајца колеги во авионот на ‘Pegasus’. Во леталото во време на инцидентот кој се случи во 2 часот на 23-ти декември, немаше патници“, се наведува во писмената изјава на компанијата испратена до медиумите.
Истанбулските медиуми наведуваат изјави на очевидци кои тврдат дека слушнале три последователни експлозии.
Засега нема официјална квалификација на инцидентот, а полицијата започна истрага за утврдување на причините за експлозијата и приведување на можни осомничени.
Во Истанбул од изминатата ноќ се забележливи засилените безбедносни мерки. Областите на аеродромите „Сабиха Ѓокчен“ и „Ататурк“ се надлетувани од полициски хеликоптери, а на приодите кон нив се распоредени безбедносни контроли.
Полицајци со заштитни елеци и автоматски пушки се распоредени веднаш по експлозијата на влезот од аеродромот. Полицијата, исто така, ги проверува сите возила во пошироката област на аеродромот, додека хеликоптер го надлетува подрачјето, пренесе агенцијата Anadolu.
Аеродромските власти соопштија дека засега нема пореметувања во полетувањата и слетувањата на авионите, како и дека се испитуваат примероци од местото на експлозијата.
Полициски извори за агенцијата DHA изјавиле дека се разгледуваат сите варијанти, вклучително и за можен терористички напад. Поради тоа од средата утрото, полициски хеликоптер ја надлетува областа и на другиот истанбулски аеродром „Ататурк“.
Гувернерот на Истанбул, Васип Шахин, потврди дека сé уште не е позната причината за инцидентот. „Истрагата продолжува“, рекол Шахин во кусата изјава за Anadolu./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.