Свет
Светски лидери: Убиството на Бин Ладен, големо олеснување за цел свет
Првата реакција на светските лидери на веста за убиството на лидеорт на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, се сведува на коментари дека ова случување е големо олеснување за целиот свет како и дека претставува гласен триумф за власта во Вашингтон и неговите сојузници.
Првата реакција на светските лидери на веста за убиството на лидеорт на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, се сведува на коментари дека ова случување е големо олеснување за целиот свет како и дека претставува гласен триумф за власта во Вашингтон и неговите сојузници.
Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт изјави дека светот е подобро место по убиството на Бин Ладен.
„Неговата омраза претставуваше закана за нас“ наведе Билт.
Премиерката на Австралија Џулија Гиралд исто така ја поздрави веста за убситвото на Бин Ладен, оценувајќи дека со ова Ал Каеда е повредена, но не и уништена. Таа додаде дека поради тоа борбата против тероризмот мора биде продолжена.
Францускиот претседател Никола Саркози денеска им честита на САД за упорноста во ловот на Бин Ладен и оцени дека неговата смрт и исклучителен настан во борбата против тероризмот.
„Убиството на Бин Ладен претставува голема победа на доброто протв злото“ оцени италијанскиот министер за надворешни работи, Франко Фратини.
„Станува збор за голема победа за САД и целата меѓународна заедница во борбата против Ал Каеда и терористите. Таа победа ја овозможи одлучноста на САД и пронаоѓањето на одговорните за најтрагичната епизода на почетокот од овој век, нападот од 11 септември и многу други масакри“ наведе Фратини во соопштението.
Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле изјави дека смртта на Бин Ладен е добра вст за сите оние кои го сакаат мирот.
„Осама бин Ладен Беше еден од најбруталните терористи на светот. Тој на својата совест носеше илјадници животи на невини луѓе. Неговата смрт е добра вест за сите луѓе кои сакат мир и мислат слободно“ оцени Вестервеле.
„Убиството на видсачот на Ал Каеда е уште еден доказ дека терористите своето скривалиште го наоѓаат во Пакистан“ изјави денеска министерот за внатрешни работи на Индија, П. Чидамбарам.
„Со голема загриженост ја примивме информацијата за обраќањето на американскиот претседател, Барак Обама дека Бин Ладен е убиен во близина на Аботабад длабоко во пакистанската територија“ наведува во неговото соопштение.
„Осама бин Ладен е одговорен за најтешките терористички злосторства кој ги виде светот, за нападот на 11 септември и многу други напади во кои се изгубени илјадници животи, поголем број меѓу нив се Британци“ рече Британскиот премир, Дејвид Камерон.
Според него, многу голем успех е што тој е пронјаден и веќе нема да може да ја спроведува својата кампања на теророт ширум светот. „Веста дека е мртов, ќе им донесе големо олеснување на народите ширум светот“ рече Камерун.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху ги пофали САД поради убситвото на Бин Ладен, велејќи дека тоа е гласен триумф за Вашингтон и неговите сојузници.
„Ова е триумф на правдата, слободата и вредностите кои рамо до рамоги дечи демократската нација во борбата против тероризмот“ наведува израелскиот премир во соопштението./крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин за војната во Иран: загриженост за ризик од ширење на конфликтот
Рускиот претседател Владимир Путин денес разговараше со четири клучни лидери на земјите од Персискиот Залив, предупредувајќи на опасноста американските и израелските напади врз Иран да ескалираат во поширок регионален конфликт, објави CNN.
По разговорите со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, Кремљ објави дека „двете страни изразија сериозна загриженост за реалниот ризик од проширување на зоната на конфликт, која веќе ги зафати териториите на голем број арапски земји и носи катастрофални последици“.
„Ова е исклучително опасно“
Путин ја нагласи потребата од дипломатија за решавање на „екстремно опасна ситуација“, додека, според Кремљ, саудискиот престолонаследник рече дека Москва, благодарение на добрите односи и со Иран и со земјите од Заливот, може да игра стабилизирачка улога.
Русија постојано ги осудува американските и израелските напади и атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Путин разговараше и со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. „Двете страни ја нагласија потребата од прекин на непријателствата и враќање на политичкиот и дипломатскиот процес“, објави Кремљ.
Загриженост за вклучување на трети земји
Кремљ, исто така, соопшти дека Путин и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани „изразиле загриженост за ризикот од ширење на конфликтот на Блискиот Исток и опасноста од вклучување на трети земји“ во телефонски разговор.
Рускиот претседател, според Кремљ, разговарал и со кралот на Бахреин.
Фото: ЕПА
Свет
Иран со предупредување: Ќе биде нападната која било американска база во Европа доколку е потребно
Военото движење Хезболах влезе во војната што Америка ја започна заедно со Израел со напаѓање на Иран. Сирени за тревога се огласија низ централен и јужен Израел утрово откако Иран започна нов напад. Во меѓувреме, Израел го нападна и Либан, пишуваат светските медиуми.
„Иран ќе нападне која било американска база во Европа“
Иран ќе нападне која било американска база во Европа доколку е потребно, предупреди денес иранскиот амбасадор во Шпанија, Реза Забиб. Тој додаде дека Иран „е земја која е способна да одговори и да реагира“, објави „Скај њуз“.
Во меѓувреме, шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, нареди зголемени мерки за надзор и безбедност низ целата земја поради можни закани. Ова следеше по одбивањето на Шпанија да им дозволи на САД да користат заеднички воени бази на нејзина територија за да го нападнат Иран, што ги натера САД да повлечат неколку авиони KC-135 од своите бази во Кадис и Севиља.
Американските разорувачи „Балкли“ и „Рузвелт“, кои го напуштија Кадис минатата недела, учествуваа во нападите врз Иран, потврдија САД.
Министерството за одбрана на Катар денес објави дека катарските вооружени сили собориле два ирански борбени авиони „сухој Су-24“ од руско производство.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Нетанјаху се појави за прв пат по нападот врз неговиот кабинет
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го посети местото на нападот во израелскиот град Беит Шемеш, кој беше погоден од иранска ракета.
Нетанјаху ја прегледа штетата откако ракетата наводно успеала да го пробие израелскиот систем за воздушна одбрана и да ја уништи синагогата, при што загинаа најмалку девет лица, објави „Скај њуз“.
Израелскиот премиер разговараше со работниците на терен, додека во позадина можеа да се видат урнатините предизвикани од нападот.
Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu said, ‘You can see the difference: the tyrants in Tehran target civilians, while we target the tyrants of Tehran to protect civilians.’ pic.twitter.com/hCkb371vDb
— ME24 – Middle East 24 (@MiddleEast_24) March 2, 2026
Во вчерашниот напад со иранска балистичка ракета врз Беит Шемеш, кој се наоѓа на околу 30 километри западно од Ерусалим, загинаа најмалку девет лица, а 23 беа повредени, според Службата за итни случаи Маген Давид Адом (MDA).
Повеќето од загинатите се засолниле во јавно засолниште, а според началникот на полицијата на округот Ерусалим, Авесалом Пелед, веројатно имало директен удар врз засолништето.
„Повеќето, ако не и сите, од загинатите биле таму“, рече Пелед.
Ракетата погоди станбена зона во градот, ја уништи синагогата и предизвика голема штета на јавното засолниште и околните куќи, според медиумот.

