Свет
Конфликтот на интереси редовен багаж на антикорупционерите

Конфликт на интереси, неспојливост на позиции, една личност со повеќе функции, станаа редовен багаж на Антикорупциската комисија. Експертите имаат повеќе дилеми за ангажманите на дел од новиот состав на борците против корупцијата и од системска и од етичка природа.
КАТИЦА ЧАНГОВА
Конфликт на интереси, неспојливост на позиции, една личност со повеќе функции, станаа редовен багаж на Антикорупциската комисија. Експертите имаат повеќе дилеми за ангажманите на дел од новиот состав на борците против корупцијата и од системска и од етичка природа.
За најспорен од членовите се смета Цветко Мојсовски, кој волонтира во Антикорупциската комисија, а основна професија од која се’ уште не се откажал му е државен службеник во Секторот за приговори при Управата за јавни приходи. Мирјана Димовска не само што е главен уредник на МТВ туку е ангажирана на уште две струки во јавен и невладин сектор. Иљми Селами, пак, е државен службеник во Секретаријатот на Антикорупциската комисија, но и нејзин член.
„Државен службеник вработен во Управата за јавни приходи не смее да врши друга јавна функција. Тоа е законски забрането. Волонтирањето во Антикорупциската комисија е јавна функција. Значи, не оди едното со другото. И тука најмалку важен дел е земањето плати од две места. Во случајот со Цветко Мојсовски станува збор за класичен конфликт на интереси“, оценува професорката на Правниот факултет, Ана Павловска-Данева. Според неа, на Мојсовски му преостанува или да се откаже од членство во Антикорупциската комисија или да го стави во мирување местото на државен службеник во УЈП.
Павловска-Данева се чуди како овој антикорупционер ќе ги штити граѓаните од корупција, односно чии интереси ќе застапува, на пример, кога во Комисијата каде што волонтира ќе стане збор за корупција во Управата за јавни приходи.
За случајот на новинарката Мирјана Димовска, која е нов претседател на Антикорупциската комисија, експертите тврдат дека постои неспојливост на функции. За Димовска се вели дека е наследник на Тасева, со таа разлика што ја надминала за една работно место повеќе. Димовска врши уште три функции во јавниот и во невладиниот сектор: актуелен главен и одговорен уредник на Македонската телевизија, претседател на Здружението на жени на Македонија и медијатор. Неприродно е иста личност да биде ангажирана од државниот и од невладиниот сектор, како ќе ги брани интересите на две по суштина различни институции. Експертите признаваат дека законска пречка не постои, дека нема конфликт на интереси, но станува збор за етика и за морал.
Неспорна е акумулацијата на моќ во една личност која ќе биде буквално растргната на четири страни. Но, се поставува и прашањето во чие име и со кој став ќе настапува Димовска кога ќе работи на корупциска материја, во дилема се експертите.
Што се однесува до Иљми Селами, тој е државен службеник, раководител на Секторот за спречување на корупцијата во Анткорупциската комисија од 2003 година, а избран член на ова тело од 29 јануари 2007. Невозможно е да биде на двете места и да зема две плати. Моментално се бара решение за Селами, неговата основна професија да биде во некоја друга државна институција.
Во Законот за спречување корупција е предвидено државен функционер да не може да врши друга функција, должност или дејност што е спротивна на неговата функција.
Собранието вчера му даде зелено светло на предлогот за донесување закон за спречување судир на интереси, според кој надлежен орган за оваа проблематика во иднина би требало да биде Државната комисија за спречување на корупцијата. Законот, чија финална верзија допрва ќе се подготви, ја утврдува постапката во случаи кај кои ќе се утврди постоење судир на интереси, начинот на однесување на службените лица при вршење на службената должност и други прашања за спречување на оваа општествена негативна и штетна појава заради заштита на јавниот интерес. (К.Ч.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо: Без разумни предлози, нема да поддржам нови санкции против Русија

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека нема да го поддржи 19-тиот пакет санкции против Русија, освен ако заклучоците на Европскиот совет не содржат, како што изјави, „разумни предлози и насоки“ за Европската комисија.
Зборувајќи на собирот „Ден на извозот на ЕУ“, посветен на зајакнување на подготвеноста за извоз и конкурентноста на компаниите надвор од ЕУ, Фицо истакна дека Европскиот совет мора да се справи со клучните економски прашања, а не само да ѝ помогне на Украина, објави словачки „Справи“.
„Нема да го поддржам 19-тиот пакет санкции против Русија сè додека не видиме разумна формулација и упатства за Европската комисија во заклучоците на Европскиот совет“, рече Фицо, додавајќи дека лидерите на ЕУ имаат обврска да ја водат Комисијата како извршен орган на Унијата.
Тој нагласи дека е потребно да се дадат конкретни предлози во врска со индустријата, особено автомобилската индустрија, како и цените на електричната енергија.
Фицо ги повика политичките и економските актери во Словачка да се подготват за идното обновување на односите со Русија, бидејќи, како што изјави, „по завршувањето на војната, ќе биде потребно да се бараат деловни можности во таа земја“.
Премиерот на Словачка го критикуваше Европскиот совет за, според неговите зборови, прекумерна концентрација на Украина, додека проблемите со конкурентноста на земјите од ЕУ се занемаруваат.
„Ако не го решиме прашањето на извозот и високите цени на енергијата, нашите производи нема да можат да бидат конкурентни на светскиот пазар“, предупреди Фицо.
Осврнувајќи се на планираната забрана за производство на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, Фицо повика на преиспитување на таа одлука со продолжување на рокот или промена на условите.
„Автомобилската индустрија во Словачка учествува со околу 40 проценти во извозот и 10 проценти во БДП. Ако го оставиме тоа настрана, и знаеме во каква криза се наоѓа, и не кажеме ништо на следниот Европски совет, се поставува прашањето, зошто воопшто се состануваме, освен за Украина?“, заклучи Фицо.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп: Во моментов разговарам со Путин; Би-Би-Си: Значаен тајминг

Иако сè уште не е познато кој го иницирал денешниот телефонски разговор, Доналд Трамп или Владимир Путин, неговото време е исклучително значајно бидејќи се случува непосредно пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа, пишува Би-Би-Си за телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин.
Во последните недели, Москва испраќаше спротивставени сигнали за процесот на преговори со Соединетите Американски Држави. Процесот, кој започна со директна средба меѓу двајцата лидери во Алјаска на почетокот на август, навидум брзо замре, анализира медиумот.
Од руска перспектива, Трамп е единствениот западен лидер подготвен да се справи со „коренските причини“ за војната во Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров верува дека западните сојузници оттогаш се обидоа да го „заведат Доналд Трамп на погрешен пат“ убедувајќи го дека Путин всушност не сака мир.
Сепак, повеќето западни аналитичари се согласуваат дека Путин брзо ја изгуби довербата во процесот започнат во Алјаска. Веќе на почетокот на септември, тој се сврте кон полусрдечни понуди, вклучително и покана до Зеленски: „Ако е подготвен [за средба], нека дојде во Москва“. Таквиот предлог е практично нефункционален за лидерот на земја под целосна инвазија, според Би-Би-Си.
Според написите, малку е веројатно дека максималистичките барања на Путин за крај на војната се промениле. Сепак, Русија се чини сериозно загрижена за можноста Трамп да одобри испорака на ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би ја ставило и Москва во нивниот дострел.
Кремљ потврди дека се во тек разговори меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, според руските државни медиуми.
Двајцата лидери последен пат разговарале на 19 август, објави новинската агенција РИА, а разговорот се одржал неколку дена по нивниот самит во Анкориџ, Алјаска.
Свет
Пукање во близина на основно училиште: има загинати, едно лице тешко повредено во Чешка

Две лица се убиени, а едно е тешко повредено во пукотница што се случила во близина на основно училиште во градот Смржовка, во округот Јаблонец на северот од Чешка.
Според полициското соопштение, еден маж и една жена се убиени, додека осомничениот напаѓач е уапсен и однесен во болница со хеликоптер.
„На местото на злосторството е пронајдено оружје. Сите околности на овој трагичен настан се предмет на понатамошна истрага“, изјави портпаролката на полицијата Клара Јеничкова, додавајќи дека пукањето се случило во непосредна близина на локалното основно училиште.
Специјалните единици, пожарникарите и службите за итни случаи веднаш интервенирале, а учениците и персоналот на училиштето биле заклучени во зградата додека траела полициската операција.
– Училиштето испратило пораки до родителите дека децата се безбедни, но дека не можат да ја напуштат зградата додека не се разјасни ситуацијата – изјавила бабата на еден од учениците.
Таа додаде дека дошла да го земе внукот само неколку минути пред трагедијата:
„Го зедов во еден часот пред петнаесет и сè беше мирно. Не многу долго потоа, на пат кон дома, слушнав сирени и видов полициски автомобили. Сè уште се тресам од шокот.“
Според првичните информации, инцидентот не бил поврзан со училиштето, но се верува дека станува збор за личен конфликт кој ескалирал во вооружена пресметка во близина на образовната институција.
Фото: принтскрин