Свет
За половина година загинаа 1.462 цивила во Авганистан

Во првите шест месеци од годинава во Авганистан животите ги загубиле 1.462 цивила, што претставува 15 отсто повеќе отколку во истиот период 2010 година, соопшти во четвртокот мисијата на Обединетите нации во Авганистан.
Во првите шест месеци од годинава во Авганистан животите ги загубиле 1.462 цивила, што претставува 15 отсто повеќе отколку во истиот период 2010 година, соопшти во четвртокот мисијата на Обединетите нации во Авганистан.Според податоците на Обединетите нации, за 80 отсто од загинатите цивили кои се регистрирани во периодот меѓу јануари и јуни 2011 година, вината паѓа врз бунтовниците, додека 14 отсто од загинатите се жртви на авганистанските и меѓународните сили, додека за шест проценти од загинатите вината не се припишува никому.Истиот извор соопштува дека половината од 1.462-та загинати цивили настрадале од експлозивни направи од рачно производство и во самоубиствени напади.Мај 2011 година беше најсмртоносниот месец во судирите во Авганистан, кога загинале 368 цивили./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Поставен оџак на Систинската капела, објавени се снимки од внатрешноста

Ватикан ја подготви Систинската капела за конклавата на која 133 кардинали ќе го изберат 267-от папа на Католичката црква.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави фотографии и видеа од внатрешноста на капелата, каде што подготовките за конклавата, која започнува на 7 мај, влегуваат во завршна фаза.
Еден ден претходно, пожарникарите поставија оџак на покривот на Систинската капела кој би испуштал црн чад доколку најмалку 89 кардинали не успеат да постигнат договор за нов папа. Белиот чад означува дека кардиналите избрале нов поглавар на Католичката црква.
Свет
(Видео) Иран претстави нова балистичка ракета: „Доколку нè нападнат, ние ќе возвратиме насилно“

Иран вчера претстави нова балистичка ракета со дострел до 1.200 километри, објавија државните медиуми. „Балистичката ракета на цврсто гориво „Гасем Басир“, со дострел од најмалку 1.200 километри, е најновото одбранбено достигнување на Иран“, објави иранската државна телевизија.
Западните земји се загрижени за напредокот на иранската програма за балистички ракети, која веќе е обвинета за дестабилизација на Блискиот Исток, а чии ракетни капацитети го ставаат Израел, неговиот заколнат непријател, во дострел на оганот.
⚡️BREAKING
Iran unveiled the Qassem Basir ballistic missile with pinpoint accuracy
The missile is specifically designed to bypass the US Thaad defence system
▪️Range: 1,300 km
▪️No use of GPS and immune to electronic warfare
▪️Carbon composite body
▪️Maneuverable warhead… pic.twitter.com/ErBqrnt4Ki
— Iran Observer (@IranObserver0) May 4, 2025
Државната телевизија објави видео од лансирањето на новата ракета за време на интервјуто со министерот за одбрана, генерал Азиз Насирзадех.
„Доколку нè нападнат и биде покрената војна против нас, ние ќе возвратиме насилно и ќе ги таргетираме нивните интереси и бази“, рече министерот.
Тој додаде дека Иран „не негува непријателство кон соседните земји, но американските бази се ирански цели“.
Европа
Фицо: Им велат на Русите „Па, славете, би можеле да фрлиме дрон врз вас или нешто друго“, ова се неприфатливи работи

Словачкиот премиер Роберт Фицо го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговото предупредување до „странските делегации да не доаѓаат“ на прославите по повод Денот на победата во Русија. Потсетиме, Зеленски во саботата изјави дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на странските претставници кои планираат да присуствуваат на прославите по повод Денот на победата во Москва на 9 мај.
„Ги отфрлам ваквите закани. Целосно го почитувам фактот дека безбедноста на учесниците е внатрешно прашање на Руската Федерација. Но, ако г-дин Зеленски верува дека неговите изјави ќе ги принудат странските делегации да не дојдат, тогаш тој длабоко се лаже“, рече Фицо.
Фицо повика на прекин на огнот по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна на европско тло, додавајќи дека Зеленски треба „да молчи“.
„Големо непочитување е кога некој ќе ѝ каже на земја која даде најголем придонес во победата над фашизмот и претрпе апсолутно најголеми жртви што можат да се замислат: ‘Па, славете, би можеле да фрлиме дрон врз вас или нешто слично’. За мене, ова се неприфатливи работи“, рече Фицо, кој ќе присуствува на прославите по повод Денот на победата.
На 15 април, шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, ги предупреди европските лидери да не присуствуваат на прославите по повод Денот на победата во Москва. Таа истакна дека не сака да види ниту една земја што се стреми да се приклучи кон Европската Унија да учествува во прославите организирани од владата на Путин.