Свет
Иран не сака да го праќа ураниумот во странство

Иран одби да го праќа својот збогатен ураниум во странство, а за возврат да добие гориво за нукеларниот реактор во Техеран
Оваа одлука на иранските власти во сабота ја соопшти претседателот на парламентарната комисија за надворешни работи, Аледин Боруџери. „Не е потврдено испраќањето на делот од 1.200 килограми ураниум во друга држава, за да се добие збогатено гориво. Тоа сега не доаѓа предвид, бил да станува збор за етапна постапка било за нејзинот извршување одеднаш“, рекол Буруџери.За да снамалата тензиите околу иранската уклеарна програма, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) на 21 октомври предложи нискозбогатениот ураниум од 3,5 отсто за производство на гориво за истражувачкиот реактор на Иран дас е дозбогатува во странство. Беа предложени Русија и Франција, како дестинаци на иранскито ураниум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ракетата „Спејс Икс“ на Илон Маск експлодира за време на тестирањето

Ракетата на компанијата „Спејс икс“ која беше тестирана во Тексас експлодира, а извршниот директор Илон Маск објавил дека нема опасност во безбедносната зона околу таа локација.
Компанијата денеска соопшти дека тоа се случило додека леталото се подготвувало за својот десетти пробен лет на лансирањето во јужен Тексас.
„За време на целата операција, се одржуваше безбедносна зона околу локацијата и целиот персонал е безбеден“, соопшти „Спејс Икс“ на социјалните мрежи.
Тие побараа од луѓето да не се обидуваат да се приближат до локацијата.
Компанијата најави и дека соработува со локалните власти.
Свет
Израел: Ќе ги засилиме нападите врз Иран

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац изјави дека земјата ќе го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран, вклучително и оние во главниот град Техеран.
Најавата доаѓа по израелскиот ракетен напад врз нуклеарниот реактор во Арак и иранскиот напад врз болницата Сорока во јужен Израел.
„Премиерот и јас дадовме наредба на ИДФ да го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран и врз владините цели во Техеран, со цел да се елиминираат заканите за државата Израел и да се поткопа режимот на ајатолахот“, рече Кац на социјалната мрежа „Икс“.
Нападот на болницата предизвика низа реакции во израелската политичка елита, нагласувајќи дека станува збор за цивилен објект. Од друга страна, иранските државни медиуми тврдат дека целта била воена база на израелската армија која се наоѓа во непосредна близина на болницата.
Свет
(Видео) Иран за нападот врз израелската болница: Целта беше воена база

Иранските државни медиуми објавија дека цел на ракетниот напад утринава не била болницата Сорока во Бершева, туку воената инфраструктура на израелската армија во нејзина близина.
Според агенцијата ИРНА, нападот бил насочен кон командно-разузнавачкиот центар на израелската армија (IDF C4i) и воениот разузнавачки камп лоциран во технолошкиот парк Гав-Јам Негев, веднаш до болницата и кампусот на Универзитетот Бен Гурион.
Massive damage to Soroka Medical Center in Beersheba, following the impact of a ballistic missile fired by Iran. pic.twitter.com/8rXhGeuk0z
— OSINTdefender (@sentdefender) June 19, 2025
„Воената инфраструктура беше директна и прецизна мета, а болницата беше само изложена на ударниот бран“, се наведува во извештајот.
Претходно денеска израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека болницата Сорока била погодена од иранска балистичка ракета. Болницата се наоѓа во градот Бершева и обезбедува здравствена заштита на припадниците на сите заедници – Евреи, муслимани, христијани и арапски бедуини, објави Министерството.
Израел рече дека ќе продолжи да дејствува за да го заштити сиот свој народ, од сите сфери на животот.
Нападот на болницата е дел од поширокиот ирански ракетен напад на израелска територија, како дел од ескалацијата на конфликтот меѓу двете земји. Според достапните информации, дел од цивилното население во моментот на нападот се наоѓало во реонот на болницата. Во нападот се ранети десетици луѓе.