Македонија
Лазар Мојсов погребан во Алејата на заслужни граѓани во Белград
Поранешниот претседател на Претседателството на СФРЈ, Лазар Мојсов, почина во Белград во 91-тa година од животот, каде што денеска е погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта, објави на својата интернет страница белградскиот дневен весник „Политика“.
Поранешниот претседател на Претседателството на СФРЈ, Лазар Мојсов почина во Белград во 91-тa година од животот, каде што денеска е погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта, објави на својата интернет страница белградскиот дневен весник „Политика“. Лазар Мојсов е роден на 19. декември 1920 година во Неготино, во Македонија. Гимназија завршил во српскиот град Горни Милановац, а дипломирал на Правниот факултет во Белград. Учествувал во Народноослободителната војна и е носител на партизанска споменица. Мојсов на почетокот од кариерата се занимавал од новинарство а станува главен уредник во весникот „Нова Македонија“ во 1953 година, додека во 1962 година е назначен за главен уредник на белградскиот весник „Борба“. Дипломатската кариера ја започнал во 1958 година како амбасадор на СФРЈ во Советскиот сојуз и во Монголија, а ја продолжил како амбасадор во Австрија во 1967 година, и постојан преставник на југословенската мисија при Обединетите нации во 1969 година. Во Обединетите нации уживал голема почит, што била причина да биде избран за претседател на 32-то заседание на Генералното собрание на ОН во 1974 година. Од 1982 до 1984 година бил министер за надворешни работи на СФРЈ, а од 1987 до 1988 година ја извршуваше должноста Претседател на Претседателството на СФРЈ./крај/politika.rs/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.
Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.

