Економија
Груевски ги покани кинеските бизнисмени да ја посетат Македонија

Кинеската компанија „Хуавеј“,која се занимава со информатичко-комуникациска технологија, во идниот период да се направи проект и анализа за можноста за отворање на формално претставништво, или друг вид на присуство во Македонија.
Ова било договорена по посетата и средбата на владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, со менаџерскиот тим на компанијата „Хуавеј“.
Од кинеска страна позитивно беа оценети мерките и активностите за поддршка на инвестициите и беше изразен интерес за дополнителни анализи и истражувања на понудените опции.
Премиерот Груевски, заблагодарувајќи се на Стопанската комора на Шангај за организацијата на настанот, на кој присуствуваа претставници на над 150 кинески компании, во своето обраќање ги истакна поволностите кои Македонија ги нуди за реализација на инвестиции и бизниси, акцентирајќи ги најнискиот даночен пакет во Европа и ниските трошоци за работа.
“Македонија има најнизок даночен пакет во Европа, а вкупните трошоци за реализацијата на бизнисот се многу ниски. Поседуваме квалификувана и образувана работна сила која може да придонесе во бизнис резултатите на вашите компании“ истакна Груевски.
Премиерот Груевски истакна дека добрите политички односи би требало да резултираат со зголемување и на економската соработка меѓу Македонија и Кина.
“Она што ме поттикнува е дека постои силна посветеност на двете страни за зајакнување на економската соработка. Пред десетина дена во Варшава, јас и петнаесет други премиери од Централна и Источна Европа потпишавме коминике со премиерот Вен Џиабао, за истакнување на важноста од воспоставување на поблиски економски врски. Нашата денешна посета е јасен показател за подготвеноста за понатамошно продлабочување на соработката во областа на трговијата и инвестициите“, изјави македонскиот премиер во своето обраќање. Груевски ги повика кинеските бизнисмени да ја посетат Македонија и да се уверат на лице место во поволностите кои Македонија ги нуди на компаниите, додавајќи дека Владата секогаш ќе биде расположена да излезе во пресрет на инвеститорите и да даде поддршка на нивните интереси.
На форумот се обрати и Чен Фуронг, претседател на Стопанската комора на Шангај, кој ја истакна својата поддршка на интензивирањето на контактите на компаниите од Шангај со Македонија.
“Република Македонија, која е лоцирана во централниот дел на Балканот, отсекогаш претставувала значаен канал за трговија и поседува значајни минерални суровини. Ние активно ќе ги охрабруваме кинеските и шангајските компании и индивидуалци да инвестираат во Македонија. Шангај со својата развиена индустрија, трговија и услужни дејности, може да и помогне на Македонија во многу области. И сега има кинески компании кои имаат инвестиции во Македонија и постигнуваат голем успех“, истакна Фуронг.
Вицепремиерот Владимир Пешевски во својата презентација се осврна на макроекономските индикатори кои нудат добра перспектива за предвидливо и стабилно опкружување, со што постои амбиент инвестициите кои би биле реализирани да бидат доходовни и исплатливи. Тој се осврна на енергетските проекти и на можноста за искористување на рудниот потенцијал.
Министерот Веле Самак ги акцентираше проектите за развој на туристичко-угостителските зони, а ги презентираше и можностите за инвестиции во автомобилската, фармацевтската и прехранбената индустрија.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида детално ги елаборираше поволностите на индустриските зони, даночните ослободувања за компаниите во нив и поддршката на државата во инвестицијата преку учество во изградбата на капацитетите и инфраструктурно инвестирање за потребите на компаниите.
Владината делегација, од Шангај заминува за Хонг Конг, каде што во текот на утрешниот ден ќе присуствува на бизнис форум во градот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Дурмиши од Струга: Инвестираме 40 милиони евра за граѓаните да останат и напредуваат дома

Денеска во Струга, Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување ја одржаа јавната презентација на Оперативниот план за вработување 2025. Настанот привлече голем интерес кај граѓаните, бизнисите и локалните институции, а главниот фокус беше ставен на мерките што директно ја засилуваат вработеноста и ја стимулираат економијата.
На презентацијата присуствуваше и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кој порача дека Владата вложува во граѓаните – нивните идеи, капацитети и амбиции.
„Не нудиме празни ветувања, туку конкретни мерки, средства и поддршка. Оперативниот план е алатка за секој кој сака да започне, да се дообучи или да се вработи. Целта е јасна – да создадеме можности тука, дома“, истакна министерот Дурмиши.
Планот за 2025 година предвидува инвестиција од 40 милиони евра, насочена кон повеќе од 10.000 граѓани, а oд Министерството велат дек досегашниот одѕив покажува дека мерките веќе го даваат посакуваниот ефект.
Мерката за практикантство обезбедува вклучување на 1.352 млади лица до 29 години, од кои 40 преку онлајн практикантство. Секој учесник ќе добива месечен надомест од 12.000 денари во период од три месеци.
„Субвенционираното вработување за микро, мали и средни претпријатија веќе има над 2.000 апликации – доказ за високиот интерес на приватниот сектор да учествува во креирање нови работни места“, велат од Министерството.
Се додава и дека финансиската поддршка за започнување сопствен бизнис е успешно затворена со над 6.000 апликации, а во тек е селекцијата на корисниците, додека мерката 3.1 – Обука кај познат работодавач и понатаму останува една од најефикасните алатки за вработување.
„Овие бројки не се само статистика – зад секоја апликација стои приказна, надеж и одлука да се направи чекор напред. Нашата задача е да ја поддржиме таа одлука со реални алатки“, додаде министерот Дурмиши.
Настанот во Струга е дел од поширока теренска кампања, со која Министерството и Агенцијата за вработување ги претставуваат мерките директно пред граѓаните. Следуваат презентации во Гостивар, Кичево, Сарај, Липково и други општини со висока стапка на невработеност.
Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.