Македонија
РАЗБУДИ СЕ! ги повика албанските гласачи да ги бојкотираат претседателските избори
Граѓанското Движење РАЗБУДИ СЕ! најави дека ќе започне кампања на средби со Албанските граѓани, но и со другите заедници, за да ги информира гласачите од албанскиот блок околу потребата да не го земаат гласачкото ливче за Претседател, посебно не во вториот круг и на тој начин да ги бојкотираат претседателските избори во Македонија на 13 и 27 Април годинава.
Од РАЗБУДИ СЕ! Ги повикаа и другите организации од Албанското цивилното општество, Исламската Верска Заедница како и Албанските медиуми на заедничка работа кон оневозможувањето на избор на претседател на Македонија кој што е неприфатлив за Албанците.
Според нив ниту еден Претседател на државата не може да биде легитимен претставник без Албанските гласови и сметаат дека во иднина, Претседател треба да се избере во Собрание на Република Македонија со двотретинско мнозинство./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз
Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија, мандат за состав на Влада добива кандидатот на партијата/ партиите кои имат мнозинство (најмалку 61 пратеник).
„Владата ја избира Парламентот со мнозинство гласови од 120-те пратеници. Мнозинство се 61 пратеник. За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон, ниту пак има таква пракса. Се работи за класична манипулација или непознавање на политичкиот систем и Уставните решенија за избор на Влада“, велат од Демократскиот сојуз.
„Сосема е извесно дека по 20 години на власт, недопирливите од ДУИ, ќе бидат испратени во долгогодишна опозиција и за грабежот што го направија и разнебитување на институциите и државата во целина ќе одговараат.
Наводната проевропска партија „ги отвори вратите на ЕУ“, при што за време на нивното владеење над 800 илјади граѓани од Македонија се иселија во земјите на ЕУ, меѓу нив и над 200 илјади Албанци.
Сите партии се изјаснија дека по изборите нема да коалицираат со ДУИ. Тоа е јасно за сите граѓани, затоа ќе гласаат за промени, а на ДУИ во опозиција ќе им се приклучи и СДСМ“, се додава во соопштението на Демократскиот сојуз.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
„Доколку ДПМНЕ добие преголема моќ ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство“, вели СДСМ
„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата“, вели СДСМ.
„Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство.
Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години.
Поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим“, соопшти СДСМ.