Македонија
Рилковски: Предвремени парламентарни избори ќе бидат проблем за ДИК

Пред нас ќе се појави еден сериозен проблем доколку се случат предвремени парламентарни избори заедно со вториот круг на претседателските избори, вели претседателот на ДИК Никола Рилковски во интервју за Радио Слободна Европа додавајќи дека во тој случај ќе настане мешање на датумите на едната кампања, со тие на другата кампања и на молкот.
„Проблем кој ни се натура, или ајде да го наречеме предизвик, како што и вие рековте, е евентуално распишување и на предвремени парламентарни избори, за кој што се заговара. Јас сега ги земам за шпекулации, значи ништо не е јавно, меѓутоа доколку се случи предвремени парламентарни избори да отпочнат во вториот круг на претседателските избори, тогаш пред нас се јавува еден сериозен проблем, во делот кадешто ќе се испомешаат датумите на едната кампања, на другата кампања, молкот. Тука ние се трудиме секојдневно да се подготвиме ако евентуално имаме предвремени парламентарни избори, да бараме решение, во секој случај ако биде така ние пред нас имаме голем предизвик и сега засега проблем“, изјави тој за РСЕ.
Тој очекува сите да вложат максимум напори за да го испочитуваат изборниот законик се со цел да покажат волја и спремност дека тој ќе се спроведува.
„Државната изборна комисија има и капацитет и искуство, меѓутоа ако ова се случи мислам дека за првпат ќе се случи едно такво поклопување на термините, така што не е во прашање за капацитетот на ДИК, туку во прашање е изнајдувањето на модуси како да ја пребродиме таа ситуација“, вели Рилковски.
Во однос на гласовите на Дијапсората Рилковски нагласува дека тоа е малку покомплицирано прашањето бидејќи кога пратениците го носеа новиот изборен законик запнаа на прашањето за гласањето на дијаспората и не донесоа конечно решение во тој дел, односно тој дел беше оставен да се решава во некое друго време, односно после претседателските избори.
„Ако се наметне да се одржат и предвремени парламентарни избори, тогаш навистина тоа ќе е и тоа деликатно прашање, со оглед на тоа дека во тој дел не се постигна консензус меѓу партиите во однос на гласањето во дијаспората“, вели Рилковски./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.