Спорт
Aдриано во Барса, Леон во Реал
Двата најголеми ривала во најсилната лига на новиот светски фудбалски шампион, во петок ги објавија своите нови засилувања од домашното првенство
Актуелниот шпански првак Барселона го подготвила преминувањето на 25-годишниот Бразилец Адриано Кореиа од Севиља. Адриано за Севиља настапуваше шест сезони, игра и во одбранта и во средниот ред а ја чини Барса 10 милиони евра, пишува спортскиот дневен весник AS. По доведувањето на извонредниот голгетер Давид Виља за кого на Валенсија и платија 40 милиони евра, ова е второто засилување за Каталонците оваа сезона.Меѓутоа, денеска Барселона објави дека има на располагање 50 милиони евра за нови засилувања. Раководството на клубот пред извесно време зема кредит од 155 милиони евра кои најмногу ќе ги троши на плати, така што една третина останува за засилувањата. Инаку, купувањето на Виља, Барса „го покри“ со продажбата на Јаја Туре и Дмитриј Чигрински кои беа продадени за вкупно 40 милиони евра. Шпанскиот спортски печат претпоставува дека сите 50 милиони евра ќе бидат вложени за доведување на Сес Фабрегас, бидејќи претходната понуда од 35 милиони, неговиот сегашен клуб Арсенал ја одби. Исто така, се шпекулира дека заради недостиг од пари, Барселона може да се реши на продажба на шведскиот итнернационалец кој најави враќање во репрезентацијата Златан Ибрахимовиќ кој беше понуден во неколку трампи, како и на Рафаел Маркез.Конкурентот од Мадрид, пак, чие најголемо засилување се смета стратегот Жозе Мурињо кој минатата сезона со европскиот клубски шампион Интер освои три титули а ја елиминираше во полуфиналето токму Барселона, објави дека со 23-годишниот офанзивец Педро Леон потпишал шест-годишен договор. Финансиските детали од трансферот не се објавени, но медиумите шпекулираат дека станува збор за сума од десет милиони евра, кои му се платени на неговиот досегашен клуб Хетафе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

