Регион
Милитанти на IS влегле во Турција и планираат напади
Џихадисти од терористичката организација Исламска држава (IS) влегле во Турција и коваат заговор со цел да извршат напади врз дипломатски мисии во Анкара и Истанбул, но и во Европа, пишуваат во четвртокот турските медиуми повикувајќи се на извори во националната разузнавачка агенција MIT.
Околу 3.000 милитанти на ултрарадикалната ислмаистичка групација Исламска држава од соседните Сирија и Ирак настојуваат да влезат во Турција преку нејзината јужна граница, откако не успеаја да го зазема сирискиот град Ајин ал-Араб, односно Кобане, третиот по големина курдски град во Сирија, на само еден километар од турската граница, што, исто така, ќе им овозможеше непречено да контролираат 400 километри од вкупно 900 километри долгата турско-сириска граница, пишува весникот Hurriyet повикувајќи се на интерен доверлив документ на разузнавањето MIT.
Се верува дека некои од милитантитет, меѓу кои и команданти кои ги планираат нападите, веќе успеале да влезат во Турција и дека се наоѓаа во ткн безбедни куќи, се наведува во извештајот на кој се повикува весникот. Меѓутоа, забележливо е дека во документот нема процена за колкав број џихадисти станува збор.
„Милитантите кои се тренирани и стручни за планирање и изведување самоубиствени и бомбашки напада подготвуваат (…) напади врз дипломатските и други мисии на земјите од коалицијата којашто интервенира во Сирија, особено во Анкара и во Истанбул, како и вопокраините Адана и Хакај“, го цитира Hurriyet документот на турското разузнавање датиран од 3-ти февруари.
Турското разузнавање предупредува, исто така, дека непознат број Сиријци и Палестинци на возраст меѓу 17 и 25 години влегле во Турција прикриени како бегалци, и тие планирале да заминат во Европа преку Бугарија, со цел да ги нападнат земјите коишто учествуваат во антиџихадистичката коалиција предводена од САД.
Разузнавачката агенција предупредува и дека утврдувањето на идентитетот и локациите на коишто престојуваат милитантите на Исламската држава на турската територија е многу тешка задача, но не се откриваат причините за тоа.
Областа на турско-сириската граница Суруч, во југоисточната покраина Шанлиурфа, од неодамна е прогласена за „забранета воена зона“, по предупредувањето од MIT. Кабинетот на покраинскиот гувернер неодамна изјави во врска со прогласувањето на забранетата воена зона дека тоа е сторено поради безбедноста на граѓаните, како и за избегнување на заканите, без дополнително да се конкретизира. Тоа се случи откако на 13-ти февруари во близина на Суруч беше детонирана бомба на далечинско управување при што загинаа тројца полицајци.
Од турската полиција одбиле да го коментираат ова тврдење, а од разузнавачката агенција не бидел достапни за коментар.
Турција подолг период од своите западни партнери е критикувана дека толерира минување преку нејзината територија на странски борци кои им се приклучуваат на џихадистичките групи во Сирија и во Ирак. Според последните процени на западните разузнавачки агенции, во редовите на Исламската држава се борат околу 20.000 странски платеници и доброволци од повеќе од 80 земји од целиот свет.
Оттаму, во втората половина од 2014 година, Анкара ја зголеми својата соработка во безбедноста и разузнавањето со европските земји, што резултираше со забрана за влез на нејзината територија и престој на илјадници странски државјани.
Турските власти депортирале 1.056 странец и им забранила патувања на 7.833 државјани претежно на западни земји, како дел од напорите за спречување на регрутирањето на нови џихадистички борци на боиштата во соседните држави, изјави во јануари пред турските амбасадори, директорот на MIT, Хакан Фидан.
Во меѓувреме, Хакан Фидан на 7-ми февруари поднесе оставка, за да се кандидира за место во парламентот од владејачката Партија на правдата и развојот (АКР) на општите избори кои се закажани за 7-ми јуни годинава./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата
Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата во еврото, валутата што земјата ќе ја усвои на 1 јануари.
Некои демонстранти во бугарската престолнина се судрија со полицијата што ги заштитуваше канцелариите на владејачките партии, напаѓајќи ги безбедносните сили со камења, шишиња и пиротехнички средства.
Today #Bulgaria protests! Thousands of Bulgarians are in front of parliament and demand the resignation of the government. 🙌🏼 pic.twitter.com/KXDYYrEzJJ
— NessieK (@NbK1808) December 1, 2025
Опозицијата и други организации изразија незадоволство од буџетот поради најавените зголемувања на придонесите за социјално осигурување и даноците на дивиденда за финансирање, како што велат, на повисоките државни трошоци и корупцијата.
Околу половина од Бугарите се противат на воведувањето на еврото, тврдејќи дека тоа ќе го загрози суверенитетот на земјата и дека ќе го искористат преминот кон друга валута за да ги зголемат цените.
❤️ Well done #Bulgaria 🙌🏼 pic.twitter.com/kCYJQaruCX
— NessieK (@NbK1808) December 1, 2025
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, исто така, неодамна предупреди дека инфлацијата во Бугарија може да се зголеми откако ќе се приклучи на еврозоната, објави Ројтерс.
Регион
Вучиќ: Влеговме во изборна година, можеби покрај парламентарните ќе имаме и претседателски избори
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија „влезе во изборна година“ и дека единственото прашање е дали претседателските избори ќе се одржат покрај парламентарните избори. Тој додаде дека сè уште нема вести од САД во врска со српската нафтена индустрија и дека утре ќе биде организиран „голем состанок“ по овој повод.
Тој рече дека Србија се соочува со тежок период, но дека земјата се подготвила за него.
„Немам никакви вести, не верувам дека ќе има. Тежок период е пред нас, но ние се подготвивме. Имаме голем состанок утре во 11:30 часот, дотогаш треба да ги подготвиме сите потези, па ќе ве информираме што правиме“, им рече Вучиќ на новинарите.
„Влеговме во изборна година, најдоцна за една година ќе имаме избори“, изјави Вучиќ пред новинарите.
Вучиќ рече дека сега останува да се подготват изборите и да се види кој ќе учествува на нив, колку листи и кои кандидати.
Вучиќ исто така рече дека, и покрај победата на изборите, СНС мора детално да анализира каде можело да се направи повеќе и што треба да се постигне за да се подобрат резултатите.
„Ќе мора да направиме големи и значајни промени“, рече Вучиќ.
Регион
Земјоделците и денес ги блокираа патиштата во Грција, протестите се шират во земјата
Протестите на незадоволните грчки земјоделци поради доцнењето на исплатата на субвенциите од Европската Унија денес се проширија во областа на Солун, каде што колони од трактори стигнаа до наплатната рампа Малгара и го блокираа сообраќајот на националниот автопат кон Атина. Припадници на полицијата првично го затворија пристапот до автопатот кај кружницата Малгара и не дозволија тракторите да поминат, но подоцна конвојот, во придружба на полицијата, стигна до наплатната рампа и постави блокада, јавува грчкиот канал ЕРТ.
Околу 11.20 часот правецот кон Атина беше затворен, а кратко потоа двата правци од националниот пат беа затворени.
Во исто време, има голема мобилизација меѓу земјоделците од источен Солун, кои најавија дека ќе им се придружат на своите колеги од Халкидик на заедничка блокада в среда.
Во меѓувреме, земјоделците во целата земја ги блокираа клучните национални патишта во знак на протест поради, како што велат, високите трошоци за производство, ниските цени за купување и доцнењата во владините плаќања, објави „Јуроњуз“.
На автопатот Атина – Солун, во областа Лариса, блокадата целосно го запре сообраќајот во текот на денот, а полицијата ги пренасочуваше возилата кон алтернативни патишта.
Земјоделските здруженија најавија дека, доколку не добијат одговор на нивните барања, протестите ќе бидат проширени.
Во неделата, за време на првиот ден од протестите на грчките земјоделци во централните и во северните делови на земјата поради доцнењето во исплатата на субвенциите од Европската Унија, тројца земјоделци беа уапсени во судирите со полицијата, а четири лица беа повредени – двајца земјоделци и двајца полицајци, објавија грчките медиуми.
Стотици земјоделци излегоа на улиците вчера блокирајќи ги патиштата со своите трактори во неколку области во знак на протест против конзервативната влада поради проценетиот недостиг од 600 милиони евра помош од ЕУ и други исплати, пренесува „Танјуг“.
Доцнењето на исплатите доаѓа во време на истраги за скандал во кој некои земјоделци наводно фалсификувале сопственост на земјиште и добиток за да добијат земјоделски субвенции од ЕУ. Блокадите беа дополнително засилени по апсењето неколку лица минатата недела како дел од истрагата за милионска измама со земјоделски субвенции исплатени од грчката ОПЕКЕПЕ, надлежното тело за распределба на средствата од ЕУ.
Канцеларијата на европскиот обвинител (ЕППО) објави дека прелиминарната истрага утврдила оти 324 лица примиле вкупно 19,6 милиони евра нелегални субвенции.
Фото: ЕПА

