Македонија
САД:Поддршката за Македонија за ЕУ и НАТО останува
Поддршка на интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија (ЕУ) останува витален елемент во американските напори за промовирање на мирот и стабилноста во балканскиот регион.
Поддршка на интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија (ЕУ) останува витален елемент во американските напори за промовирање на мирот и стабилноста во балканскиот регион. Ова, како што јавува Радио Слободна Европа, го изјави американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон во расправата на поткомитетот на Сенатот за надворешни работи насловена како „Незавршена работа во Југоисточна Европа, можности и предизвици во Западен Балкан“. Во расправата во која учествуваа и помошник секретарот за одбрана и меѓународни безбедносни прашања Александер Вершбоу и поранешниот американски амбасадор во НАТО Курт Волкер беше наведено дека е време да се постигне компромисно решение во спорот со името и оти во тоа ќе помогнат некои мерки за градење на доверба од страна на Македонија. /крај/рсе/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

