Контакт

Свет

Авион-затвори на CIA слетувале во Полска

Објавено пред

Дневниците на летови кои ги презентирале полските функционери потврдуваат дека авионите на CIA слетувале во Полска во текот на 2003 г.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за летови за кои организациите за човекови права се сомневаат дека биле употребувани за префрлување на осомничените за тероризам од Авганистан на тајни и локации во источно европски држави и во некои азиски земји.Дневниците на полската агенција за воздухопловен сообраќај покажуваат дека авионите кои ги изнајмувала централната разузнавачка агенција на САД  најмалку шест пати слетале во Полска во текот на 2003 г., соопштија претставници на Open Society Justice Initiative и на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Тие го бараа обелоденувањето на овие дневници според полскиот закон за слобода на информирањето.Според дневниците, во Полска на тајни локации долетале пет авиони од авганистанскиот главен град Кабул и еден долетал од Мароко. Според Дорота Пудзиановска oд полскиот Хелсиншки комитет, ова претставува голем напредок. Таа додала дека особено е важно што овие информации дошле од државните агенции а не од анонимни извори.Организацијата Human Rights Watch чие седиште е во Њујорк во својот извештај од 2005 г. тврди дека во Полска имало тајни затвори на CIА во кои биле префрлувани осомничени за тероризам од Авганистан. „Потврдувањето на тоа дека во Полска слетале авиони поврзани со CIA, не докажува дека во Полска имало нејзини затвори“, рекол Адам Боднар од Хелсиншкиот комитет. Тој рекол дека не може да тврди 100-отстотно но дека 98 отсто е сигурен и побарал од полските власти да дадат целосна информација за полската улога во контроверзниот транспортот на осомничени. И Македонија беше вмешана во еден ваков случајГерманскиот државјанин со либанско потекло Калед ел Масри ја тужи Германија, бидејќи државата формално не побарала екстрадиција на агентите на CIA кои според него во 2003 г. го киднапирале во Скопје. Против Македонија засега нема никаква постапка. Во тужбата против германската влада се вклучи и Европскиот центар за уставни и човекови права, кој утврдил дека на eл Масри му се прекршени основните права и човекови слободи. Адвокатите на Ел Масри во САД поднесоа тужба за надомест на штета, но таа беше одбиена. Во Германија, пак, е поведена кривична постапка против агентите на CIA. По нив е издадена потерница, но формално Германија никогаш од САД не побарала нивна екстрадиција. Случајот eл Масри го отвори прашањето за тајните затвори на CIA, но целата работа остана неразјаснета.Четириесет ишест годишниот Калед ел Масри тврди дека на 31 декември 2003 г. на граничниот премин Табановце од македонски службени лица бил симнат од автобус, потоа однесен во скопскиот хотел „Скопски мерак“ каде што бил држан во заложништво 21 ден. Оттаму преку скопскиот аеродром бил предаден на лица, наводно агенти на CIA, кои со авион го пренеsле во Авганистан. Таму бил држен во затвор пет месеци, a бил испрашуван под сомнение дека е припадник на Ал Каеда. Откако Американците констатирале дека направиле грешка и дека во заточеништво држат погрешен човек, а не озлогласениот водач на франкфуртската келија на Ал Каеда кој имал исто име и презиме, тие го вратиле во Албанија од каде што експресно бил екстрадиран во Франкфурт.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

Објавено пред

Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.

dobivaj vesti na viber

– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.

Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.

– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.

– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.

Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.

Прикажи повеќе...

Свет

Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери

Објавено пред

Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.

dobivaj vesti na viber

Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.

Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.

Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.

Прикажи повеќе...

Свет

Три девојки планирале терористички напад во Париз

Објавено пред

Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.

dobivaj vesti na viber

Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.

Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ17 часа

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ19 часа

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ20 часа

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија23 часа

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет23 часа

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет24 часа

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет1 ден

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет2 дена

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа2 дена

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ2 дена

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија2 дена

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ2 дена

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија2 дена

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија2 дена

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија2 дена

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет2 дена

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија2 дена

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...