Спорт
Вејд побрз од сирената
Двејн Вејд, го спаси Мајами од пораз, откако против Индијана на 0,1 секунда до крајот на продолжението, успеа да постигне кош.
Двејн Вејд, го спаси Мајами од пораз, откако против Индијана на 0,1 секунда до крајот на продолжението, успеа да постигне кош. Во победата 93:91, која е 12-та по ред на Мајами на домашен терен Вејд постигна 28, а Џејмс 27 поени. Прво име кај Индијана беше Дени Гренџер со 19 поени. Њу Орлеанс забелеша гостинска победа од 95:89 против Минесота која го одигра првиот натпревар без повредениот Рики Рубио, кој според прогнозите ќе ги пропушти и ОИ во Лондон. Кеви Лав во поразениот тим беше прво име на натпреварот со 31 поен и 16 скока. Словенецот, Горан Драгиќ, е најзаслужен што Хјустон ја прекина серијата од пет порази. Драгиќ во победата на Хјустон над Њу Џерси од 112:106 имаше учинок од 23 поени, 5 скока и 8 асистенции. ЊУ Џерси нема победа над Хјустон ште од сезоната 2005/2006. Тимската игра, во која шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, на Детроит му донесе победа од 105:86 против Торонто. Детриот кој стартуваше со скор 4 победи и 20 порази, на последните 17 натпревари има забележано 11 победи. Лидерот во првенството Чикаго, без Денг, Ноа, Вотсон и Хамилтон, забележа победа против Јута од 111:97. Кајл Корвер постигна сезонски рекорд, натпреварот го заврши со 26 поени, доека Роуз уфрли два поени помалку. Оклахома, сосема очекувано, без проблеми го совлада тимот на Шарлот, кој го има најлошиот резултата во лигата. Оклахома победи со 122:95, во победата на Тандерс најпрецизен беше Харден со 33 поени, Дурент постигна 26, а Вестбрук 23 поени. Феникс ја забележа петтата домашна победа во низа, откако со 98:91 го победи Мемфис. Нов пораз забележа актуелниот првак Далас. Трилингот Ли (25 поени), Робинсон (21 поен) и Елис (20 поени) му донесе победа на Голден Стејт над Далас од 111:87. Ламаркус Олдриџ имаше двоен ефект од 30 поени и 10 скока, во победата на Портланд во Вашингтон од 110:99. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флег игра чудесна руки сезона во НБА лигата
Купер Флег, 19-годишниот дебитант на Далас Маверикс и првиот избор на овогодинешниот НБА драфт, продолжи со одлични игри во својата прва сезона.
Флег, во поразот 100:110 против Бостон Селтикс, стана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 30 поени во три последователни натпревари.
Неговиот настап, како што објавија американските медиуми, во моментов малку им значи на Мавс, кои беа поразени во сите тие натпревари, но јасно укажува дека Флег е сегашноста и светлата иднина на клубот.
Последните три натпревари на Флег:
49 поени, 10 скока, 3 асистенции (пораз од Шарлот Хорнетс 121:123)
34 поени, 12 скока, 5 асистенции (пораз од Хјустон Рокетс 107:111)
36 поени, 9 скока, 6 асистенции (пораз од Бостон Селтикс 100:110)
Заедно со оваа статистика, НБА наведува дека Флег, роден на 21 декември 2006 година, стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој одиграл три последовни натпревари со 30+ поени.
Исто така, само четворица тинејџери во НБА имале повеќе од еден одигран натпревар со 30+ поени, 5+ скока и 5+ асистенции. Тоа се Леброн Џејмс (4 такви натпревари), Кевин Дурант (2) и Лука Дончиќ (2).
Со своите неодамнешни 49 поени, тој го постави рекордот во НБА за бројот на постигнати поени од тинејџер во еден натпревар.
Foto/ EPA
Спорт
Јилдиз ќе потпише нов договор со Јувентус
Според извештаите од Италија, ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз (20), е подготвен да потпише нов, подобрен долгорочен договор со клубот, до летото 2030 година. Со новиот договор, турскиот напаѓач би добил значително зголемување на платата.
Тековниот договор на Јилдиз е до летото 2029 година, но „бјанконерите“ сакаат да го наградат за неговите одлични настапи и да го обезбедат неговиот престој.
Откако се појави на сцената во 2023 година, турскиот интернационалец го привлече интересот на бројни клубови. Затоа, Јувентус сака да му понуди подобрени услови за да го задржи на стадионот „Алијанц“ во годините што доаѓаат.
Неговата моментална плата наводно е 1,7 милиони евра по сезона, што значи дека тој не е ниту меѓу 15-те најплатени играчи во тимот.
Новиот договор би му донел годишна плата од околу шест милиони евра. Исто така, се шпекулираше дека Јилдиз би можел да стане еден од најплатените, ако не и најплатениот играч во тимот.
Според новинарот Ромео Агрести и порталот „Ilbianconero.com“, двете страни ги договараат последните детали, а потпишувањето на новиот договор сќе се случи наскоро. Во извештај објавен во вторникот се вели дека договорот би можел да биде склучен до крајот на оваа недела.
Foto/ depositphotos
Спорт
ФИФА даде зелено светло: Канте во Фенербахче, Ен Несири во Ал Итихад
Административниот проблем, кој се испречи пред Нголо Канте, го реши ФИФА. Светската фудбалска федерација даде зелено светло и му овозможи на фудбалерот да се пресели во Фенербахче.
Според договорот меѓу клубовите, Канте го напушти Ал Итихад и стана нов играч на Фенербахче, додека Јусеф Ен Несири замина во спротивна насока.
Договорот, кој за малку немаше да биде реализиран, поради грешката на Судијците, беше завршен со директна интервенција на ФИФА, надвор од вообичаените процедури и временски ограничувања.
Условите на размената останаа непроменети. Фенербахче доби искусен играч од средниот ред, но и 10 милиони евра, како компензација за заминувањето на многу помладиот Ен Несири.
Ал Итихад, од друга страна, го реши проблемот во нападот и донесе играч кој треба да ја преземе улогата на прв напаѓач во тимот.
На крајот, сите страни излегоа како победници од овој необичен трансфер.

