Македонија
??????: ????? ?? ?? ??????? ??? ????????? ??? ?? ?? ????????? ???????????
Со излагањето на професорот по Меѓународно право, Алан Пелет, продолжи претставувањето на грчките аргументи од првиот круг на усната расправа по тужбата на Македонија против Грција, пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг
Во своето излагање Пелет истакна дека Судот не може да заземе позиција за оние дела кои и’ се припишуваат на Грција без да го земе предвид ставот на другите земји – членки на НАТО. Според Пелет, Македонија се обидува да го ограничи опфатот на овој случај.„Многу е јасно дека не можете да одлучите дали одлуката на НАТО е последица на однесување кое може да и се припише на тужената страна (Грција) без да ги земете во предвид ставовите на организацијата“, вели Пелет.„Доколку Судот го прифати барањето на подносителот (Македонија) тоа би значело дека подносителот (Македонија) преку вашата пресуда ќе добие одобрение на неговата политика на свршен чин која ја води од 1993 година, односно политиката на подносителот (Македонија), постојано да ги блокира преговорите“, дополни Пелет. Тој додаде дека ова не е во рамките на Судот и неговиот интегритет. „Спротивно Судот треба да се воздржи од било какви дејствија кои би можеле да бидат пречка за решавање на ова прашање преку преговори“, рече Пелет. Професорот по меѓународно право, Џејмс Крафорд ја истакна важноста на заштитната клаузула од членот 11 став 2, втората клаузула за ставот 1 од членот 11.„Ова е заштитна клаузула од суштинска важност за да го ограничи договорот во кој влегла Грција, она што Грција ветила е да не се противи ограничено, со заштитната клаузула. Како го ограничува? Таа јасно кажува дека Грција го задржува своето право во случај доколку на подносителот му се обраќаат поинаку отколку што е предвидено со резолуцијата 817 во која било организација во која Грција е членка“ рече Крафорд. По него настапи повторно професорот Мајкл Рејсмен кој го образложуваше членот 22 од Времената спогодба. Во нивното излагање тие повторија дека НАТО не го разбира зборот вето, туку само зборот консензус.Според вчерашните искази, Грција посочува дека одлуката на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година во однос на Македонија е усогласена позиција на сите земји-членки и поради тоа евентуалната одлука на судот во корист на Македонија ќе биде вон неговата јурисдикција. Целта на тужбеното барање е судот да утврди дека Грција на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година го прекршила членот 11 од привремената спогодба од 1995 година, односно дека приговорила на членството на земјата во Алијансата под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Од судот, исто така, се бара на Грција да и наложи понатаму да не ја прекршува спогодбата.Вториот круг од усната расправа ќе се одржи следната недела. Се очекува конечната пресуда судот да ја донесе најдоцна наесен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Иран се соочува со агресија, МНР наместо пддршка да го осуди американско – ционистичкото дивеење, велат од Левица
Политичката партија Левица најостро ја осудува, како што велат од таму, американско-ционистичката агресија врз Иран, вклучително убиството на дел од неговото воено-политичко раководство и масакрите врз цивилното население.
„Ова подивено однесување на екстремно-десничарската администрација на Трамп во соработка со геноцидниот касап Нетањаху претставува флагрантен државен тероризам, газење на меѓународниот поредок, и акт на воена агресија чија цел е дестабилизација на суверена држава и воспоставување на империјална доминација на Блискиот исток. Таквите злосторства против човештвото не можат да поминат неказнети и се директно спротивни на меѓународното право и повелбата на Обединетите нации“.
Апелираат до МНР и министерот Тимчо Муцунски наместо, како што додаваат, слепа поддршка за оваа дивјачка агресија, да испратат јасна осуда против оваа бесмислена воена агресија со потсетување дека и македонскиот народ во својата историја бил жртва на империјалистичката чизма.
„Република Македонија мора да се позиционира на страната на мирот, суверенитетот и анти-империјалистичката борба, а не да молчи пред злосторствата на суперсилите. Левица останува непоколеблива во својата борба против сите форми на империјалистичка агресија и ќе продолжи да се залага за ослободување на народите ширум светот“
Македонија
Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска Арабија, ја разгледува можноста за репатриација и евакуација на македонските граѓани затекнати во овој регион.
Граѓаните, како што е појаснето, ќе бидат евакуирани преку копнена граница кон Кралството Саудиска Арабија, и од таму со авиони кои полетуваат од територијата на Кралството Саудиска Арабија.
„Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и истиот би траел од 13 до 15 часа.
Преку формално барање/Нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин.
Списокот треба да ги содржи следните податоци:
– точни податоци (име и презиме)
– број на патните исправи со датум на важност,
– детали од кој граничен премин ќе влезат
– време и датум на пристигнување. и
– местото на пристигнување и заминување,
Молиме сите македонски граѓани кои се заинтересирани за ова можност да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532 како и на емаил адресата: [email protected]
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби“.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)

