Свет
Путин ја повика опозицијата на дијалог
Рускиот премиер Владимир Путин и претседателски кандидат на владејачката партија Единствена Русија, во понеделникот ја обвини позицијата дека премногу се концентрира врз личните проблеми отколку на политичките идеи и ја повика на дијалог за иднината, приоритетите и перспективите на земјата.
Рускиот премиер Владимир Путин и претседателски кандидат на владејачката партија Единствена Русија, во понеделникот ја обвини позицијата дека премногу се концентрира врз личните проблеми отколку на политичките идеи и ја повика на дијалог за иднината, приоритетите и перспективите на земјата.На интернет страницата на неговата претседателска кампања, Владимир Путин оценува дека на Русија и’ е „потребен широк дијалог за иднината и приоритетите,за долгорочен избор на националниот развој и перспективата“.Тој истакнува дека смета оти граѓаните на Русија треба да имаат можност да разговараат „не само за предностите и недостатоците на политичарите, што самото посебе не е лошо, туку и за програмите што имаат намера да ги спроведуваат одредени политичари“.ж„Да им се предаде власта на подобрите? А што после, што ќе сторат? Загрижен сум бидејќи немаме расправа за тоа што би требало да се стори по изборите. Според мене, тоа не е во интересот на земјата и на квалитативниот развој на нашето општество, не е на нивото на нивното образование и одговорноста“, с,мета Путин. Актуелниот руски премиер најавува дека ќе се бори против сиромаштијата и дека неговото внимание ќе биде свртено на социјалните проблеми, доколку биде избран за претседател на изборите што ќе се одржат на 4-ти март. Минатиот четврток беше промовирана интернет страницата на претседателската изборна кампања на Владимир Путин, на која прецизно се претставени нејзините приоритети и истовремено се дава ветување власт којашто ќе биде одговорна кон граѓаните./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

