Контакт

Спорт

Грчка атлетичарка исфрлена од Олимпијадата поради расистички твит

Објавено пред

Грчката натпреварувачка во трискок 23-годишната Параскева Папахристу е исфрлена од олимписката репрезентација поради расистичкиот коментар што го објави на својот профил на микроблогот Twitter

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти Грчкиот олимписки комитет, коментарот на Параскева Вула Папахристу дека „со толку голем број Африканци во Грција… најпосле комарците од Западен Нил ќе јадат домашна храна“ предизвикал многу барања на разни политички партии за нејзино повлекување од репрезентацијата. По разгледување на овој инцидент, Комитетот проценил дека атлетичарката ги повредила олимписките вредности и затоа не може да биде дел од екипата којашто ќе се натпреварува во Лондон.

На Папахристу не ѝ помогна ниту јавното извинување поради, како што наведе, „несреќната и невкусната шега“.

Папахристу којашто требаше да биде дел од 105-члениот грчки олимписки тим за време на Игрите, исто така, побара „прошка од сите мои пријатели и колеги спортисти доколку ги посрамив“.

Таа рече дека им се извинува на сите што ја поддржувале. „Моите сни беа игрите. Сиве овие години се подготвував за тие посебни три дена во Лондон“, вели Вула.

Нејзиниот тренер Јоргос Помаски изјави дека ја почитува одлуката на Комитетот, но смета дека е многу остра за „шега од кафетериски тип“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Србија и Албанија ќе го организараат У21 ЕП во 2027 година

Објавено пред

Србија и Албанија заеднички ќе го организираат Европското првенство за фудбалери до 21 година во 2027 година, се чека само УЕФА да ја потврди оваа информација.

dobivaj vesti na viber

Ваквата одлука е сосема извесна откако истече рокот за поднесување на кандидатури, а српско-албанската апликација беше единствена.

Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА на 16 декември.

Како што пренесуваат медиумите ширум Европа, проект за заедничка организација на овој натпревар имале и Белгија и Турција, но на крајот се откажале од поднесување на својата кандидатура.

Предлогот на Србија и Албанија, како што е објаснето, има за цел да се надминат политичките тензии меѓу двете земји со идеја за заедничка организација на турнир со 16 селекции.

Покрај сето ова, Србија и Албанија ќе бидат домаќини и на следните два Конгреса на УЕФА.

Прикажи повеќе...

Спорт

Солскјер би прифатил да се врати во Манчестер јунајтед

Објавено пред

Оле Гунар Солскјер бил подготвен да се врати на клупата на Манчестер јунајтет. Норвежанецот ова го изјавил на бизнис форумот во Осло, секако под претпоставка дека некој во клубот го повика да го замени Ерик Тен Хаг.

dobivaj vesti na viber

„Ако вашето семејство ве покани да им помогнете, секако дека ќе го прифатите, нели?“, рекол Норвежанецот и дополнил.

„Сепак, Манчестер јунајтед има тренер. Навистина не сакам да зборувам на таа тема во оваа ситуација. Но, ако треба да одговорам, мојот одговор би бил потврден“.

Солскјер беше сменет од клупата на Манчестер јунајтед во септември 2021 година и оттогаш нема никаков ангажман како тренер или селектор, иако имаше неколку покани, пред се од канадската репрезентација и клубови од Саудиска Арабија.

Манчестер Јунајтед моментално ја зазема 11-та позиција на табелата во Премиер лигата со седум освоени бода од пет натпревари, а во средата вечерта ремизираше на домашен терен против холандски Твенте во првиот натпревар од новото издание на Лига Европа.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Надреална промоција – Пјаниќ јава коњ на стадионот во Москва

Објавено пред

Миралем Пјаниќ (34), легендата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 115 настапи за националниот тим, потпиша за новиот клуб. Како слободен играч го комплетираше трансферот во ЦСКА Москва. Поранешниот играч на Јувентус, Барселона и Рома потпиша за ЦСКА до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една сезона.

dobivaj vesti na viber

Пјаниќ на Инстаграм ја објави веста за потписот за ЦСКА. Но, вистинското шоу започна кога Пјаниќ го објави официјалното видео за презентација.

ЦСКА по тој повод го сними Босанецот како јава коњ со наметка, на теренот на стадионот во Москва со специјална порака од Пјаниќ до навивачите.

Покрај гореспоменатите клубови, Пјаниќ настапуваше и за Лион и Бешикташ, а последните две години ги мина во Емиратите од Шарја.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Радев за одлуката на ЕУ да преговара за прием на Албанија: Логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

Бугарскиот претседател, Румен Радев ја дефинираше одлуката на Европската унија за почеток на пристапните преговори со Албанија, но не и...

Свет1 час

(Видео) Ураганот Хелен ја опустоши Флорида: поплавени куќи, урнати дрвја, милиони без струја

Ураганот Хелен, кој ослабе од категорија 4 на категорија 1 откако ја опустоши Флорида, ќе продолжи да предизвикува бранови опасни...

Македонија1 час

Кривична против ексдиректор на Затвор Струмица: им наредувал на затворски полицајци да ослободуваат осуденици

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против 40-годишниот Б.Ц. од Струмица поради постоење основи на сомнение...

Свет5 часа

Макрон: Би било грешка Нетанјаху да одбие прекин на огнот во Либан

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би било „грешка“ за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одбие примирјето предложено за...

Свет5 часа

Трамп: Денеска ќе се сретнам со Зеленски

Доналд Трамп денеска ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по неколкудневните гласини дека средбата е малку веројатна. Републиканскиот...

Свет11 часа

(Видео) Ловец на бури објави снимка од центарот на ураганот Хелен

Ник Андервуд, ловец на бури, кој со години лета низ бури, денеска објави видео од центарот на ураганот Хелен. „Ве...

Македонија15 часа

Членството во ЕУ го чекаме од 2005 година, охрабрувани со рефренот: „уште само овој услов“, „уште само оваа отстапка“, рече Сиљановска Давкова во ОН

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се...

Македонија16 часа

(Видео) Орбан пристигна во Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија. „Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу...

Топ19 часа

Во училиште во Илинден пронајдена почината вработена

Вчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една просторија во основно училиште во нас.Илинден, скопско, била...

Македонија21 час

Во пресрет на грејната сезона: инспектори од еден град ќе вршат надзор на еколошките дозволи на компаниите во други градови

Државниот инспекторат за животна средина ќе тргне во акциска контрола на издадените еколошки дозволи, пред сè, на производните капацитети на...

Македонија22 часа

Меџити: Нема потреба за загриженост, законот за бранителите нема да помине, во СДСМ преку ноќ станаа националисти

Владата има демократски и политички капацитет да ги решава проблемите внатре во владината коалиција, рече денес министерот за животна средина...

Македонија22 часа

Бугарските политичари: Албанија оди напред, а Северна Македонија нека се справува со тоа што самата си го создаде

Лидерот на најголемата формација во парламентот во Бугарија, Бојко Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надвоешна политика, го...

Македонија23 часа

Кривична пријава за поранешен градоначалник оти правел улица што не била дел од годишната програма

Полицијата до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник Б.Ш. поради злоупотреба на службена положба и овластување,...

Македонија24 часа

Издадени осум прекршочни налози, Државниот пазарен инспекторат денеска ги контролира бурекчилниците, помалите маркети

Денес, се контролираат бурекчилниците, помалите маркети и други трговци на мало. Излезени се 47 тима на терен, односно 135 инспектори...

Македонија24 часа

Се трага по маж од Белгија кој исчезна на Галичица, со себе носел планинарска опрема, а никој не го видел веќе една недела

Службите и граѓаните трагаат по 72-годишен маж на кој веќе една недела му се губи секаква трага. Станува збор за...

Македонија1 ден

Лефков: Генералниот секретаријат на Владата во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност. Според...

Македонија1 ден

„Вреди“: Сведоштвото на Ангелов го демаскира лажниот патриотизам на ДУИ И СДСМ

Како бомба одекна вчерашното сведоштво на Стојанче Ангелов кој директно посочи дека Али Ахмети лично и персонално изразил подготвеност да...

Македонија1 ден

Тирана може да го престигне Скопје на патот кон ЕУ, Албанија ги почнува преговорите за членство во ЕУ, анализираат бугарските медиуми

Она што вчера го одлучија амбасадорите на Европската Унија е ЕУ и Албанија да почнат да ги отвораат преговарачките поглавја...

Свет1 ден

Дуда: Светот не би ѝ простил на Русија за употребата на нуклеарно оружје, проколнат ќе биде првиот што ќе го употреби

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека руската закана да го задржи правото на користење нуклеарно оружје не е ништо ново,...

Регион1 ден

Борел со лидерите на Западен Балкан: Вие сте интегрален дел од иднината на Европа, членството во ЕУ е на дофат под услов да се спроведат клучните реформи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, беше домаќин на лидерите на Западен Балкан, на неформалниот...