Македонија
„Монструм“ и „Дива населба“ сé уште не се под надлежност нa Специјалното обвинителство

Иако одбраната од случаите „Монструм и „Дива Населба“ побарале Специјалното обвинителство да ги преземе случаите, сепак, овие случаи се уште не се во надлежност на ова обвинителство.
„Од наша страна сè уште не е упатено барање до Обвинителството да ни го достави предметот за понатаму да се произнесеме за неговата надлежност. Тие предмети што моментално се на судење, имаат застапници на обвинението и не постои пречка на Судот и на Обвинителството да постапуваат по тие предмети, без оглед што одбраната смета дека ние сме надлежни. Ние сме единствено повикани да ги побараме тие предмети, да одлучиме за нивната надлежност, а кога тоа ќе го направиме, исто така, е наша одлука“, изјави Ристовска, портпаролка на Специјалното јавно обвинителство на прес—конференцијата во петокот.Во врска, пак, со предметот „Пуч“, рече дека СЈО го завршило увидот и дека се подготвуваат за воведните говори за рочиштето закажано за 2-ри март.„Увидот во предметот ‘Пуч’ е завршен во целост, побарани се од Судот копии од дел од судските списи што ни се неопходни како Обвинителство да пристапиме пред Судот, да предадеме воведни говори и да пристапиме кон главната расправа. Штом Судот ќе ни ги достави бараните документи, ние ќе пристапиме и се надеваме дека за 2-ри март дека ќе стигнеме да се подготвиме“, истакна обвинителката./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер.
„Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е денот на независноста на САД.
Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции.
Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои имаат институциите цврсти докази за криминал во најмалку 152 случаи и за кои се спроведуваат сериозни истраги во моментов, наместо да ви се на црна листа на санкции на САД насочени против поединци и бизниси вклучени во корупција и нарушување на човековите права, ви беа во прв ред во Амбасада вчера.
На листа на санкции со децении се наоѓаат лица ПОРАДИ НАВОДИ за корупција и поткопување на демократските процеси, меѓу нив се наоѓаат политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници, судии, а САД ги санкционираат таквите поединци како дел од напорите за промовирање одговорност и борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан“, напиша Арсовска.
Македонија
Делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од село Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари. (Општина Гази Баба)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Студеничанска и дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
· од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Добре Ивановски, и дел од ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
Македонија
Денеска максималната температура до 38 степени, од утре потопло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.