Македонија
Тачи: Охридскиот договор целосно е уништен

Владата целосно го уништи Охридскиот договор, а состојбата во државата е неизвесна бидејќи се блокирани процесите на евроинтеграција
Владата целосно го уништи Охридскиот договор, а состојбата во државата е неизвесна бидејќи се блокирани процесите на евроинтеграција.
Ова синоќа во Дебар го изјави лидерот на опозиционата Демократска партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи, на изборното Собрание на огранокот на оваа партија.
“Конфликтите во Македонија не се меѓу албански партии, туку меѓу државата и албанската опција. Ако веднаш не се подобри политиката кон Албанците и нивниот статус, ќе се изгуби смислата на демократијата“, изјави Тачи.
Тој додаде дека ова е “необјавена војна на Владата против албанската опција“.
Според лидерот на ДПА, освен што го уништила Владата Охридскиот договор и ги блокира процесите на евроинтеграција, има и неуспех во решавање на политичката и економската криза.
Тачи, во врска со информациите дека ДПА преговара за коалиција со СДСМ, изјави дека тоа се “шпекулации да се прикрие срамот што го носи актуелната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“.
“Едно време земаа пари од граѓаните, си направија војна, имаше и загинати, а денеска се во коалиција“, изјави лидерот на опозиционата ДПА./крај/мн/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска“, прашува СДСМ

„Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој повеќе лаже. Мицкоски пред два дена најави дека пругата од британскиот кредит ќе започне да се гради до крајот на годината, а неговата министерка за финансии Кочоска денес рече дека нема да почне да се гради ни до 2027 година“, прашува СДСМ.
„Има ли пилот во авионот на Владата? Откако се дојдени на власт, ни самите во Владата не знаат кој што изјавува и ветува.
Комични се сите најавени проекти на Мицкоски, кој сака да прикаже дека се случува некаков инвестициски бум, кога во реалноста едвај ги сработуваат проектите почнати од СДСМ, а од нови проекти нема ни трага ни глас.
Пругата од Коридорот 10, која ја најавува Мицкоски, е таков пример – за неа нема ниту проект, но веќе се знае дека ќе чини 2 милијарди евра. Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ само знае колкава ќе биде провизијата за овој проект, ама за негова сериозна реализација нема ни капацитет, ни знаење во оваа Влада.
Го прашуваме Мицкоски: Кој лаже, тој или министерката Кочоска? Како тоа се знае дека пругата ќе чини 2 милијарди евра, а за неа нема ни еден збор на хартија или во план напишано од Владата?
Освен празни зборови и викање по митинзи, фалење со непостоечки проекти, Мицкоски за цела година ништо не сработе. Во Владата не се знае кој што зборува и што ветува – важно е да се лажат граѓаните од утро до вечер во медиумите“, соопшти СДСМ.
Македонија
Средба на претседателот Гаши со Микаил Џабаров, министер за економија на Азербејџан

Официјалната посета на Република Азербејџан, што претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ја реализира од 17 до 19 јуни, денеска заврши со средба со министерот за економија во Владата на Азербејџан, Микаил Џабаров. На средбата присуствуваше и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.
Претседателот Гаши истакна дека Северна Македонија и Азербејџан имаат добри и пријателски односи, што може да биде основа за унапредување на соработката, особено во делот на економијата.
Тој информираше дека Владата посебен фокус става на надворешната трговија, со цел да се унапреди трговијата и со држави со кои досега сме имале мала трговска размена.
Министерот Џабаров истакна дека постојат многу можности за меѓусебна соработка, како во делот на енергетиката, така и во делот на другите стопански области.
Двајцата соговорници нагласија дека е важно да се унапредат билатералните односи на сите нивоа, со цел да се обезбеди поголема соработка.
Македонија
(Видео) Венко Крстевски и СДС се режисери на агресијата и поделбите во Кочани, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали Венко Крстевски и СДС се нарачатели на насилството во Советот? Дали најголемите поддржувачи на Аки Акиов-го користат за со насилство да ја водат општината! Заслепени од привремената власт, в.д. градоначалникот Венко Крстевски и СДСМ – изгледа дека и се режисери на агресијата и поделбите во Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Кочани.
„’Казна’ за негласање соработка со осуденик и лице на црната листа на САД, стигнува преку советник насилник кому токму тие му даваат безрезервна поддршка.
Дополнително СДС шири говор на омраза и дезинформации по социјални мрежи. Сето тоа за да задржат привремена фотелја. На сметка на мирот, достоинството и демократијата во Кочани.
Кочани не е заложник на вашата политичка немоќ! Бараме веднаш оставка од Венко Крстевски. Бараме јавно извинување од СДСМ за поддршката на насилство и хаос. Кочани – ќе си го врати гласот и достоинството. Секој ден. Секојпат. Без страв“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ Кочани.