Спорт
Шах: Азербејџан ја сопре Русија
Големи изненадувања се случија во четвртото коло на Светското екипно првенство во шах, со што од темел се измени редоследот на табелата.
Големи изненадувања се случија во четвртото коло на Светското екипно првенство во шах, со што од темел се измени редоследот на табелата.Најголема сензација приреди Азербејџан, кој го симна од врвот бранителот на титулата Русија, победувајќи ја со уверливи 3:1. Јунаци на денот беа Вугар Гашимов и Гадир Гусеинов, кои го совладаа Александар Гришчук и Петер Свиндлер.Поразот на Русија на најдобар начин го искористи Ерменија, која оствари очекувана висока победа над аутсајдерот Египет со 3,5:0,5, со што изби на чело на табелата. Втората голема сензација ја приреди Кина, која им нанесе катастрофален пораз на САД од со 3,5:0,5.Изненадување приреди и Индија која го победи фаворитот Израел со 2,5:1,5, благодарение на победата на првата табла на Пентал Харикришна над Емил Сутовски. Неочекувана беше и победата на Унгарија над Украина со идентични 2,5:1,5. И овој меч беше решен на првата табла, каде што Петер Леко во Маршалов напад го надигра искусниот Василиј Иванчук.На табелата сега води Ерменија со 6 бодови, следат Аззербејџан, Кина, Русија и Унгарија со 5, Украина и Израел по 4, Индија и САД по 3, а на дното е Египет без бодови./крај/х/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Леброн најмлад и најстар играч со 40+ поени на еден натпревар
Леброн Џејмс постигна 42 поени, забележа 17 скока и осум асистенции за Лос Анџелес Лејкерс во победата над Голден Стејт Вориорс со 120:112. Од денес тој е најмладиот и најстариот играч во историјата на НБА кој постигнал 40 или повеќе поени на еден натпревар.
Џејмс првпат ја мина таа граница на возраст од 19 години и 88 дена на мечот помеѓу Кливленд Кавалирс и тогашните Њу Џерси Нетс. Заврши со 41 поен, шест скока и 13 асистенции.
Во петокот тој стана и најстариот играч со 40+ поени на еден натпревар.
Единствениот кој постигнал повеќе од 40 поени по својот 40-ти роденден беше Мајкл Џордан, кој постигна 43 за Вашингтон Визардс против Нетс во 2003 година.
Спорт
Познати се четирите екипи за Ол-стар натпреварот – Јокиќ заедно со Јанис, Шеј и Вембањама
Познати се тимовите кои ќе учествуваат на Ол стар викендот во Сан Франциско (14-16.февруари). Наградниот фонд за четирите Ол-стар натпревари ќе изнесува 1,8 милиони долари, секој играч од победничкиот тим ќе заработи 125.000 долари, финалистите ќе добијат по 50.000 долари, додека за третото и четвртото место се добива по 25.000 долари.
Во тимот на Чарлс Баркли се Никола Јокиќ (Денвер), Јанис Адетокумбо (Милвоки), Шеј Гилџес-Александер (Оклахома), Виктор Вембањама (Сан Антонио), Паскал Сиакам (Индијана), Алперен Шенгун (Хјустон), Карл-Ентони Таунс (Њујорк Никс) и Донован Мичел (Кливленд).
Во тимот на Шекил О’Нил се: Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс), Стеф Кари (Голден Стејт), Ентони Дејвис (Далас), Џејсон Тејтум (Бостон), Кевин Дурент (Феникс), Демијан Лилард (Милвоки), Џејмс Харден (Лос Анџелес Клиперс), Џејлен Браун (Бостон).
Во тимот на Кени Смит се: Ентони Едвардс (Минесота), Џејлен Брунсон (Њујорк Никс), Џарен Џексон Јуниор (Мемфис), Џејлен Вилијамс (Оклахома), Дариус Гарланд (Кливленд), Еван Мобли (Кливленд), Кејд Канингем (Детроит), Тајлер Хиро (Мајами).
Четвртиот тим на мини-турнирот ќе биде оној кој ќе победи на традиционалниот меч „Ѕвезди во подем“, односно мечот меѓу дебитантите во лигата и оние кои ја играат втората сезона (софомори) во НБА.
Во домот на Голден Стејт Вориорс, на 16 февруари ќе се одигра мини-турнир со четири екипи и три натпревари, две полуфиналиња и финале. Победник ќе биде оној кој прв ќе постигне или ќе надмине 40 поени.
🌟 The 2025 #NBAAllStar squads are set! 🌟
Team Chuck, Team Kenny and Team Shaq will be joined by the #CastrolRisingStars champions in the mini-tournament on Sunday, Feb. 16 at 8pm/et on TNT. pic.twitter.com/khZnI8Wj8v
— NBA (@NBA) February 7, 2025
Спорт
Скимо најновиот спорт на Зимските олимписки игри
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо следната година во својата програма ќе имаат нов спорт – скимо.
Скимо е ски планинарење, а комбинира скијање по угорнини и спуст, како и користење врвни планинарски вештини за искачување на ледените падини.
Има различни должини на трки, од кратки спринтови до оние кои можат да траат до два часа и да вклучуваат повеќе од 1.500 метри качување.
Вкупно 18 мажи и 18 жени ќе се натпреваруваат во поединечни трки и во мешана штафета.
Спринт трките вообичаено траат само три минути за мажи и четири минути за жени и се состојат од скијање на нагорнина, дел за качување и спуштање околу портите на трката. Натпреварувачите можат да се искачат до 250 вертикални стапки.
Скимо натпреварувачите користат специјална „кожа“ што ја ставаат на долниот дел од скиите за да спречат лизгање за време на искачувањата. Нивните скии се слични на оние за нордиско скијање, малку се полесни од скиите за спуст и имаат подвижни врзиви кои овозможуваат правилно движење на зглобовите.
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина почнуваат за точно една година, а во текот на нивното времетраење ќе бидат доделени вкупно 116 комплети медали во 16 дисциплини. Свеченото отворање ќе се одржи во Верона, додека скијачките натпревари ќе се одржат во Бормио.