Спорт
Франц Промок е победник на 37-от Шарпланински куп

Австрискиот скијач Франц Промок со време од 1.49. 84 во втората слаломска трка е севкупен победник на 37-то издание на Шарпланинскиот куп кој од 5-ти до 7-ми март се одржа на Попова Шапка.
Австрискиот скијач Франц Промок со време од 1.49. 84 во втората слаломска трка е севкупен победник на 37-то издание на Шарпланинскиот куп кој од 5-ти до 7-ми март се одржа на Попова Шапка.
Василис Димитријадис од Грција го освои второто место со заостанување од само една стотинка зад Промок во слаломската трка, а Стефан Георгиев од Бугарија се плaсира на третото место.
Промок во вчерашната велеслаломска трка се пласира на втората позиција зад победникот Мартин Чатер од Словенија. Македонскиот скијач Антонио Ристевски се пласира на шестото место во слаломската трка а вчера на осмото место во велеслаломската трка, а Бесар Иљази од морални причини, поради тоа што направил грешка во првата трка се откажа од втората слаломска трка.
Ристевски го освои најдобриот пласман за македонски натпреварувач во поновата историја од Шарпланинскиот куп. Гентијан Куртеши го освои 22-то место, Меритон Емини најмладиот скијач од Македонија на шарпланинскиот куп не ја заврши слаломската трка, а Дардан Дехари не оствари пласман во втората слаломска трка.
„Во првото возење направив, минимални грешки кои влијаеа на моето време, се обидов на го надополнам времето во второто возење, и мислам дека успеав да го подобрам и пласманот, и со тој резултат сум сосема задоволен.” изјави Ристевски. Телевизискиот пренос од Шарпланинскиот куп поточно од слаломската трка на последниот ден беше подобрен во однос на вчерашниот ден, а и посетеноста беше далеку зголемена од вчера.
Севкупниот победник во Шарпланинскиот куп ќе добие парична награда од 3000 евра и куче шарпланинец, второпласираниот награда од 2000 евра а третотпласираниот од 1000 евра./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ доби вистинска замена, Валанчиунас во Денвер

Foto/ Foto/ EPA-EFE
Поранешниот центар на Сакраменто Кингс, Јонас Валанчиунас се сели во редвоите на Денвер Нагетс, додека Дарио Шариќ ќе оди во спротивна насока.
Никола Јокиќ доби фантастично засилување во рекетот во форма на 33-годишениот центар кој минатата сезона играше за Сакраменто Кингс.
Денвер Нагетс направија голема зделка веднаш по почетокот на „летниот пазар“ и го испратија Мајкл Портер јуниор во Бруклин Нетс, во замена за Кем Џонсон.
Нагетс заштедија околу 40 милиони долари (земајќи го предвид данокот на луксуз и казните што би ги платиле за надминување на буџетот на играчите) со оваа размена. Исто така во Денвер се врати играчот од шампионската генерација, Брус Браун, кој вториот дел од сезоната го мина во Њу Орлеанс Пеликанс.
Третиот потег што го повлекоа Нагетс е ангажманот на Валанчиунас, што значи дека Јокиќ конечно доби вистинска замена.
Минатата сезона, Валанчиунас играше прво во Вашингтон, каде што имаше просек од 11,5 поени и осум скока, а потоа во Сакраменто Кингс, каде што имаше просек од 8,7 поени и седум скока по натпревар.
Спорт
Милвоки го отпуштија Лилард за да го потпишат Мајлс Тарнер

Foto/ EPA-EFE
Милвоки Бакс објавија шокантни вести, го отпуштија својот плејмејкер и суперѕвезда Дамијан Лилард. На овој потег се решија за да го потпишат Мајлс Тарнер од Индијана Пејсерс.
Поранешниот плејмејкер на Портланд ја скина Ахилова тетива во плејоф серијата токму против Индијана. Веројатно ќе ја пропушти наредната сезона. .
Остатокот од неговиот договор од 113.000.000 долари беше прескап за франшизата од Висконсин, која одлучи да се откаже од деветкратниот Ол-стар.
„Елените“ ќе ги распределат тие пари во следните пет сезони, што им овозможи да го доведат Мајлс Тарнер, кој играше за Пејсерс во претходните 10 години.
Значи, „Дам Тајм“ ќе заработува над 22.000.000 годишно во следните пет години, дури и ако одлучи да се пензионира утре.
Сепак оваа опција не е реална, сигурно е дека за него ќе има голем интерес.
Спорт
Шеј го доби најголемиот договор во историјата

Foto/ EPA-EFE
Шеј Гилџес-Александер потпиша нов договор со Оклахома сити Тандер, доби неверојатна сума на пари.
Шеј Гилџис-Александер стана првиот играч во историјата на лигата кој бил трикратен MВП. Беше прогласен за МВП на регуларната сезона, плејофот и Западната конференција.
Оклахома Сити Тандер ги победија Индијана Пејсерс во финалето и станаа шампиони на НБА.
Две недели по освоената титула за Канаѓанецот пристигна награда, доби нов договор и тоа не било каков договор, туку најголемиот во историјата на кошарката.
Според Шамс Чаранија, Шеј потпишал четиригодишен договор вреден дури 285 милиони долари!
Овој супер-максимален договор е најголемиот во историјата на кошарката и важи до јуни 2031 година.
Секогаш добро информираниот Боби Маркс се надоврза на ова и сподели информација што делува неверојатно.
Кога ќе се земе предвид актуелниот договор на Шеј Гилџес-Александер, тој ќе инкасира дури 364 милиони долари во следните шест години.
Шеј е 15-от играч во историјата на НБА што потпишал супер-максимален договор.