Свет
Убиен уште еден градоначелник во Мексико
Уште еден случај на убиство на градоначалник, кој претходно бил киднапиран, е регистриран во вторник во Мексико, пришто биле убиени и двајца негови соработници
Грегорио Брадас Миравате, новоизбраниот градоначалник на гратчето Хуан Родригес Клара, во понедленик попладнето бил киднапиран со уште двајца соработници.Локалната полиција во вторникот соопшти дека го пронашла возилото со нивните тела.Во изминатите месеци во Мексико во насилствата поврзани со трговија на дрога беа убиени неколкумина градоначалници, владини функционери и полицајци. Во август годинава вооружени напаѓачи го убија градоначалникот Марко Антонио Леал додека со неговиот теренец се возел низ руралната општина Хидалго во близина на Мексиканскиот Залив во сојузната мексиканска држава Тамаулипас. Во нападот беше повредена и 4-годишната ќерка на градоначалникот Леал.Причината за убиството на Леал остана неразјаснета, но треба да се потсети дека од почетокот на годинава државата Тамаулипас стана една од најкрвавите и најважни локации во Мексико за криумчарење дроги. За превласт над оваа држава се борат двата ривалски нарко картела, моќниот Заливски (Голфски) картел и картелот кој произлезе од нејзиното вооружено крило, познат како Зетас, кои водат беспоштедна борба за контрола на илегалните патишта на дрогата кон богатио американски пазар. Досега изостануваа напади против политичари. На крајот од јуни од заседа беше убиен 46-годишниот Родолфо Торе Канту и неговите четири соработници од Институционалната револуционерна партија (PRI), популарен кандидат за гувернер на северната мексиканска држава Тамаулипас. Тоа дотогаш беше најбруталниот случај на политичко заплашување во војната за превласт врз илегалниот пазар на дроги.Убиството на Торе беше прво политичко убиство на толку високо ниво од 1994 г. Во Мексико се засилува страхувањето дека земјата ќе се претвори во Колумбија од крајот на 1990-те кога тамошните наркоакртели ги убиваа претседателските кандидати и подметнуваа експлозии во зградите на владините институции.Откако во 2006 г. на власт дојде Фелипе Калдерон, тој им објави војна на организираниот криминал и нарко мафијата, во која за три години се загинати околу 28 илјади луѓе. Меѓутоа, имајќи ја предвид раширената корупција меѓу владините и полициските службеници, тој беше принуден да ја ангажира и војската, која во борбата против картелит еуечствива со 50 илјади свои припадници од разни родови.Според оцените на експертите, секоја година преку Мексико во САД, Европа и Азија се пренесуваат наркотици во вредност од повеќе од 40 милијарди долари. Големата заработка и близината на богатиот американски пазар се причината за крвавите судири меѓу нарко картелите кои сакаат да имаат превласт врз шверцерските канали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

