Свет
Локализиран пожарот на руската нуклеарна подморница

Локализиран е пожарот кој изби на руската нуклеарна подморница која беше на ремонт во базата во Мурманск, и притоа немало истекување на радијација, а нивото на зрачење е нормално, соопштија владини функционери.
Локализиран е пожарот кој изби на руската нуклеарна подморница која беше на ремонт во базата во Мурманск, и притоа немало истекување на радијација, а нивото на зрачење е нормално, соопштија владини функционери.Како што пренесува РИА Новости, првиот човек на руското Министерство за вонредни ситуации, Сергеј Шојгу, во петокот наутро изјавил дека за целосно нормализирање на ситуацијата на нуклеарната подморница „Екатеринбург“, ќе бидат потребни уште пет-шест часа. По состанокот на федеративниот оперативен штаб, како што дознава агенцијата, интензитетот на пожарот најверојатно ќе биде намален со делумно нурнување на подморницата. Пожарот изби во четвртокот околу пладне на ткн сув док на ремонтниот завод кај Руслјаково во Мурманската област, кое е едно од главните бродоградилишта на руската северна флота, 1.500 километри .северно од Москва. Според руското Министерство за одбрана, за време на извршување работи со оган, се запалиле дрвените скелиња, а огнот се проширил на надворешниот дел од подморницата. Тој бил покриен со специјален гумен антихидролокационен слој. Пожарот зафатил површина од 150 квадратни метри.Во петокот откако пожарот беше локализиран околу полноќ, властите решија да го нурнат трупот на 18.200 тони тешката и 167 метри долгата нуклеарна подморница, откако пожарот беше гаснет од влекачи и од хеликоптери. Претходно беше известено дека целото вооружување на пловилото е отстрането, дека биле исклучени нуклеарните реактори и дека нема повредени лица. Снимките од пожарот во четвртокот навечер беа емитувани на руската државна телевизија, кога беа прикажани кадри од пламени јазици кои се креваат десетици метри во воздух со кои се бореа повеќе од стотина пожарникари.Подморницата „К-84 Екатеринбург“ од класата „Делта“ може да носи 16 балистички проектили, секој со четири боеви глави. Од оваа подморница во јули од Баренцовото Море беше пробно истрелана балистичката ракета „Р-29РМ Синева“.Најголемата подморничка катастрофа во постсоветска Русија се случи во август 2000 година кога во Баренцовото Море потона нуклеарната подморница „Курск“ во која загинаа сите 118 членови на екипажот./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Вашингтон го тужеше Трамп: „Присилната окупација мора да престане“

Вашингтон ја тужеше администрацијата на Доналд Трамп поради распоредувањето на Националната гарда во главниот град на САД.
Тужбата, поднесена во федералниот суд, бара од судот да издаде наредба со која се забранува распоредувањето на Националната гарда. Одлуката за распоредување се смета за неуставна и крши неколку федерални закони.
„Вооружените војници не треба да ги надгледуваат американските граѓани на американска почва“, напиша главниот обвинител на округот Колумбија, Брајан Швалб, на X.
„Присилната воена окупација на Вашингтон е кршење на нашата локална автономија и основни слободи. Мора да престане“, додаде тој.
Откако се врати во Белата куќа во јануари, американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да ја прошири улогата на војската на американска територија, што критичарите го сметаат за опасно проширување на извршната власт што може да поттикне тензии меѓу војската и обичните граѓани.
Свет
Зеленски првпат коментираше за поканата на Путин да дојде на состанок во Москва

Како одговор на поканата на рускиот претседател Владимир Путин да дојде во Москва на разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека поканата всушност значи дека Путин не сака состанок.
Зборувајќи на прес-конференција во Париз по состанокот на група земји подготвени да обезбедат воена помош на Украина, Зеленски рече дека бил информиран за повикот на Путин од американски посредници.
„Нашите американски партнери ни кажаа дека Путин ме поканил во Москва и верувам дека со поканата всушност сака да ја избегне средбата“, додаде тој.
Сепак, тој рече дека самиот факт што се појави прашањето за организирање состанок не е лош.
„Русија почна да зборува за состанок, што не е лошо. Но, досега не ја гледаме нивната желба да се стави крај на војната“, рече Зеленски.
Зборувајќи на прес-конференција во Пекинг вчера, рускиот претседател Путин рече дека би бил подготвен да се сретне со Зеленски ако ја посети Москва.
„Никогаш не сум го одбил тоа, под услов состанокот да е добро подготвен и да може да доведе до некои позитивни потенцијални исходи. Американскиот претседател Доналд Трамп ме праша дали можам да организирам таков состанок. Одговорив да, можно е. На крајот на краиштата, ако Зеленски е подготвен, нека дојде во Москва, тогаш состанокот ќе се одржи“, рече Путин.
Свет
26 земји се подготвени да испратат војници во Украина

Дваесет и шест земји се подготвени да учествуваат во меѓународните сили како дел од безбедносните гаранции за Украина во случај на мировен договор со Русија, објави денес францускиот претседател Емануел Макрон по самитот на сојузничките земји во Киев.
„Како форма на зајакнување на мирот, 26 земји се обврзаа да распоредат војници во Украина, каде што ќе бидат присутни на копно, на море или во воздух“, изјави Макрон пред новинарите, стоејќи до украинскиот претседател Володимир Зеленски во Елисејската палата во Париз.
Францускиот претседател не кажа кои земји ги понудија своите војници, но се знае дека Франција и Велика Британија се меѓу нив.
„Вечерњи лист“ објави дека Хрватска не е меѓу земјите кои се подготвени да испратат војници во Украина, ниту пак се Италија и Полска.
Макрон рече дека тој, колегите европски лидери и украинскиот претседател имале телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по нивниот самит и дека придонесот на САД кон планираните гаранции ќе биде финализиран во наредните денови.