Свет
Митревски удри бремена жена
Градоначалникот Митревски смета дека откако се случил овој немил настан тој ги испочитувал сите човечки и законски постапки.
СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Градоначалникот Митревски смета дека откако се случил овој немил настан тој ги испочитувал сите човечки и законски постапки.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митревски во саботата попладне на улицата 100 во село Волково со својот автомобил "фиат уно" ја удрил 26 годишната К.М. Градоначалникот по несреќата веднаш го напуштил местото. Од МВР велат дека во моментот кога нивни екипи дошле да направат увид на настанот, градоначалникот Митревски не бил на местото на несреќата. Екипите од МВР извршиле увид на местото и во мометов работат на целосно расфетлување на случајот, по што ќе се знае дали против градоначалникот Митревски ќе биде покрената пријава.
26 годишната К.М. била бремена и во моментот на несреќата во детска количка го шетала свото дете. Од ударот на автомобилот таа се здобила со телесни повреди, и веднаш била однесена во болница. По ивршениот лекарски преглед биле утврдени лесни телесни повреди, и не бил загрозен животот на бебето.
Градоначалникот Сокол Митревски вчера ни ја потрди сообраќајната несреќа. Тој смета дека откако се случил овој немил настан тој ги испочитувал сите човечки и законски постапки.
" Како и сите граѓани и јас како градоначалник учесник во сообраќајот не сум имун на настанување на незгоди и не би сакал овој настан да добие политички димензии. Не знам како се случи овој немил настан. Јас ја одминав госпоѓата и изгледа со ретровизорот сум ја поткачил. Веднаш застанав да и помогнам. Ја однесов на најблиската чешма да се замие и видов дека не се предизвикани посериозни повреди, туку во прашање беше психички стрес. Останав 20 тина минути и откако видов дека жената е во ред и има само неколку огреботини, немаше потреба да останам. Потоа неколкупати телефонски контактирав со неа и се уште се интересирм за нејзината здравствена состојба. Навистина ми е жал за настанот" вели градоначалникот Сокол Митревски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

