Спорт
Шахтјор вечерва ја пишува историјата на клубот
Дојде моментот што навивачите на Шахтјор го чекале од основањето на клубот.
Украинскиот тим никогаш досега не се пласирал во нокаут фазата на Лигата на шампионите, а вечерва е на прагот да влезе меѓу осумте најдобри екипи во Европа.
Дојде моментот што навивачите на Шахтјор го чекале од основањето на клубот. Украинскиот тим никогаш досега не се пласирал во нокаут фазата на Лигата на шампионите, а вечерва е на прагот да влезе меѓу осумте најдобри екипи во Европа.Резултатот од 3:2 за Шахтјор на гостувањето во Рим влева надеж дека успехот е реално да се постигне. Не треба да се заборави дека Рома е екипа која што знае на гости да направи неочекуван резултат и да го надомести загубеното дома. Работата не е завршена, но Мирчеа Луческу тренерот на Шахтјор кој што изгради офанзивен стил на игра сигурно нема да игра на сочувување на предноста, туку офанзивно. Ќе паѓаат голови во Донецк, а чија мрежа повеќе пати ќе се затресе ќе се знае по мечот.Во вториот вечерашен натпревар Барселона го пречекува Арсенал. Гостите имаат предност од 2:1, но и настапуваат без Ван Перси и Волкот, па се очекува неизвесен дуел. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ванкувер ќе потроши 442 милиони долари за организација на Мундијалот
Проценетите трошоци за одржување на Светското првенство во 2026 година на „Би Си Плејс“ стадионот во Ванкувер, дупло се зголемиле во последните две години, изнесуваат 422 милиони долари.
Во март 2022 година беше најавено дека во Ванкувер ќе се одиграат пет натпревари на Мундијалот чии домаќини ќе бидат Канада, Мексико и САД. Во меѓувреме Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го зголеми бројот на натпревари на седум.
Документот се наведени торошоците на градот и покраината, заедно со работите на стадионот. Во ажурираните проценки влегуваат и факторите за сместување, работењето и барањата по посетата на ФИФА, зголемените претпоставки за инфлација и трошоците за основните услуги во јавниот сектор.
„Се разбира, ќе има повеќе трошоци и повеќе приходи, но ако се прошири на долг рок, придобивките се огромни и тие повеќе од сигурно ќе го исплатат тој дефицит“, рече градоначалникот на Ванкувер, Кен Сим.
Владата на Британска Колумбија соопшти дека натпреварите ќе привлечат околу 350.000 фанови во покраината и ќе генерира повеќе од една милијарда канадски долари, околу 727 милиони долари во туризмот во петте години по турнирот.
За реновирање на стадионот „Би Си Плејс“ е планирана инвестиција од 142 милиони американски долари.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ со неверојатен гест ги воодушеви најмладите во Црна Гора
Најдобриот светски тенисер, во регионот се подговтува за претстојните предизвици: Мастерсот во Рим, втроиот грен слем во сезоната Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри во Париз.
Ѓоковиќ од Дубровник се пресели во Тиват, каде со еден потег ги воодушеви најмладите.
Црногорските медиуми објавија дека тој се шетал во Тиват маскиран во рибар и играл тенис со најмладите низ градските улици.
По десетина минути Србинот ја тргнал маската (капата и брадата), настанала ерупција од воодушевување кога луѓето забележаа дека тоа е Новак Ѓоковиќ.
👋 @DjokerNole in Tivat,Montenegro today 🇲🇪#Djokovic @NDjokofan #Montenegro #NoleFam
📸:https://t.co/ffzvnRfzFq pic.twitter.com/lubTMT2DJK
— Milica Milutinovic (@MilicaM84932667) May 1, 2024
Спорт
Борусија Дортмунд си обезбеди место во ЛШ во наредната сезона
Foto/ EPA
Фудбалерите на Борусија Дортмунд со победата во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите и обезбедија пет екипи на Бундеслигата во Лигата на шампионите наредната сезона.
„Милионери“ одигра за себе, бидејќи тие се петти на табелата, без шанси да го стигнат четвртопласираниот Лајпциг.
Германците освоиле 18.357 бодови и се втори на листата на УЕФА. Првото место и припаѓа на Италија чии тимови собрале 19.428 поени. Овие две земји ќе имаат по пет претставници во новата сезона од Лигата на шампионите.
Во финишот на сезоната во европските купови, Англичаните ја имаат само Астон Вила во Конференциската лига, додека Французите имаат два претставника (ПСЖ во Лигата на шампионите и Марсеј во Лига Европа).
Следната сезона во Лигата на шампионите Германија ќе ја преставуваат Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Штутгарт, Лајпциг и Борусија Дортмунд.