Црна хроника
Сватови се тепале во Тетово, девојка исчезна во Скопје

Тепачка меѓу сватови е пријавена во Тетово, а млада жена е пријавен за исчезната во Скопје во саботата.
Во саботата вечерта, околу 21,15 часот на раскрсница од улиците „Мурат Бафтијари“ и „Киро Ристески – Дрнц“ во Тетово, 23 годишниот Р.Н. и неговиот 20-годишен брат Б.Н.(20) биле физички нападнати од 65-годишниот Ш.Б.(65) и неговиот 33-годишен син Ш.Б., инаку нивни сватови.
Момчињата биле тепани со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а во еден момент 65-годишникот со рачка од пиштол на 23-годишниот сват му задал неколку удари во пределот на грбот по што го напуштиле местото на настанот.
Засега не е позната причината за физичката пресметка меѓу сватовите, а тетовската полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Во неделата претпалднето 39-годишниот скопјанец Б.Е.(39) пријавил дека три дена претходно, во четвртокот од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга 23-годипната М.Е.М. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.