Контакт

Манифестации

Меѓународна научна конференција „Дислокации и културни конфликти: миграции, дијаспора, тероризам, граници

Објавено пред

Четвртата годишна меѓународна научна конференција насловена „Дислокации и културни конфликти: миграции, дијаспора, тероризам, граници (МДТГ)“ 2016, во организација на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС), ќе се одржи од 1 до 3 септември 2016 година, во Скопје.

dobivaj vesti na viber

На отворањето ќе се обратат претседателката на ЦККС, Лорета Георгиевска-Јаковлева и потпретседателот на ЦККС, Мишел Павловски. Воедно, на отворањето на конференцијата како воведничар-предавач ќе настапи Џовани Ерколани, професор на Универзитетот Мурсиа во Шпанија (University of Murcia).Годинава на конференцијата ќе земат учество околу 90 научници од 70 земји од светот меѓу кои Русија, САД, Јапонија, Нов Зеланд, Обединети Арапски Емирати, Западна и Источна Европа, Балканот, и од нашата земја. Конференцијата се стреми да ги обедини истражувачите од економските, правните, политичките науки, историчарите, антрополозите, социолозите и социјалните психолози, истражувачите кои се занимаваат со културолошките студии, науката за литературата, уметноста и медиумите, како и практичари од други дисциплини, со цел да истражи како миграциите влијаат на верувањата, обичаите, секојдневните практики, институциите, политиките и законите и обратно, и како сите овие фактори каузално влијаат врз искуството и однесувањето на имигрантите и граѓаните на земјата-домаќин, на етничките малцинства и на мнозинствата. Цел на конференцијата е да посочи на различните теоретски дискурси кои на темата ѝ пристапуваат од различни аспекти, како: поларизацијата на светот, заканите по мирот и безбедноста, прашањата за глобалниот диверзитет, социо-економската нееднаквост, културните промени.Од излагањата на досега одржаните конференции („Култура и меморија“, „Медиуми: теорија и практика“ и „Идентитет и култура“) произлегоа голем број научни трудови, а дел од нив беа издадени во Списанието „Култура/Culture“ кое досега реализираше 12 броеви. Конференцијата, и оваа година во off програмата на странските учесници ќе им ги понуди природните и културните убавини на Матка и Охрид. /крај/со/ст

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија...

Свет4 часа

Израел испрати предупредување за евакуација

Израел  започна нови напади насочени кон нуклеарната програма на Иран, а Иран возврати со ракетни напади во кои загинаа најмалку...

Свет5 часа

Конфликтот меѓу Израел и Иран влезе во опасна фаза, а ова се најлошите сценарија, светот би бил во пламен

Засега, борбите меѓу Израел и Иран се чини дека се ограничени на двете нации. Имаше широки повици за воздржаност во...

Свет6 часа

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над...

Свет20 часа

Убиени политичарка и нејзиниот сопруг во САД, ранети сентатор и неговата сопруга

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, изјави дека поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Мелиса Хортман, и нејзиниот сопруг, Марк, биле убиени...

Економија23 часа

Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде што оствари работна посета и средба со граѓани,...

Топ24 часа

Маж нападнал девојче со нож, полицијата пукала за да го спречи, но тој избегал

Велешката полиција вчера попладне испукала неколку предупредувачки куршуми во воздух во обид да го спречи нападот од 23-годишно лице кое...

Економија1 ден

Мицкоски: Земјоделците се херои на денешницата, Владата останува посветена на нивната поддршка

На манифестацијата „Од нива до трпеза“, која денеска се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски упати јасна порака за поддршка...

Топ1 ден

Го следеле од менувачница, го нападнале и му ги зеле парите

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против две лица осомничени за кривично дело – Разбојништво по член 237 став...

Македонија1 ден

СДСМ тврди дека Јанев и Тошковски знаеле сè, а се сомневаат и во уништување на докази

Приведените полициски службеници за трагедијата во Кочани се истите за кои СДСМ со месеци наназад алармираше, објавуваше факти и аргументи...

Свет1 ден

Две лица загинаа, а 19 се ранети во четвртиот ирански напад врз Израел

Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел, во рамки на Операцијата „Вистинско ветување 3“, соопшти иранската државна телевизија....

Македонија1 ден

Денеска топол ден низ цела Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска нѐ очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер,...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште осум кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Штип определи уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука...

Свет2 дена

(Видео) Се шират снимки од иранскиот напад врз Израел

На социјалните мрежи се шират снимки од иранскиот напад врз Тел Авив. Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел,...

Свет2 дена

Иран: Одмаздата против Израел почна

Иран потврди дека почнал да се одмаздува против Израел, јавува државната новинска агенција ИРНА. Иран истрела стотици различни балистички ракети...

Македонија2 дена

(Видео) Во Гази Баба се гради огромна дива депонија без никакви дозволи, објави Арсовска

Во општина Гази Баба, фирма затекната од инспекторат на град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со...

Македонија2 дена

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани бидејќи немало доволно докази, а...

Македонија2 дена

Полицајците во „Пулс“ не презеле мерки да спречат активирање на пиротехниката, чие палење не било пријавено во полиција

Истрагата за пожарот во Кочани вчера беше проширена на уште 13 полицајци од СВР Штип. Според информациите на МВР, тие...

Македонија2 дена

Без дозвола реконструиран, со употреба на несоодветни материјали: дискотеката во Кочани не ги исполнувала ниту минималните услови за угостителска дејност

Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител, Љупчо Коцевски. Тој извести...

Македонија2 дена

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Владата донесе одлука за блокирање 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, кои на нелегален начин нудеа услуги за игри на среќа во...