Македонија
Масовна тепачка на фудбал во скопско Количани
Неколку момчиња од скопското село Долно Количани синоќа завршиле во болница со видливи повреди, откако претходно се истепале на фудбалско игралиште.
Неколку момчиња од скопското село Долно Количани синоќа завршиле во болница со видливи повреди, откако претходно се истепале на фудбалско игралиште.Како што соопшти денеска МВР, тепачката настанала на фудбалското игралиште во селото помеѓу лицата М.И.(1992), А.И.(1994) и З.И.(1994) од Горно Количани, од една страна и од друга страна Б.М.(1987) и уште неколку НН лица од Долно Количани, при што си размениле удари со тупаници и клоци во пределот на главите и телата.Во тепачката Б.М. се здобил со повреда на главата во вид на расекотина и крвен подлив, М.И. се здобил со фрактура на носот и крвен подлив, а останатите се здобиле со повреди во вид на црвенило и на истите им е укажана лекарска помош во Клинички центар. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ: Разрешувањето на Даути е срамен и реваншистички акт
„Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, само затоа што одби да го помине дискриминаторскиот закон што предвидува компензација само за „бранителите“ од 2001 година“, велат од ДУИ.
Според нив оваа одлука не е ништо друго освен директен удар врз Охридскиот договор и обид за негово поткопување на секој можен начин.
„Наместо да работи на единство и еднаквост, оваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам. Ова е јасна порака дека Албанците во оваа држава сè уште се сметаат за граѓани од втор ред и дека нивната жртва за еднаквост никогаш нема да биде признаена од власт што е заробена во минатото. ВЛЕН, како и досега, совршено ја одигра улогата на покорен слуга, одобрувајќи и молчејќи пред овој срамен чин. Ова уште еднаш докажува дека тие не се претставници на интересите на Албанците, туку слуги на оние што сакаат да ги поткопаат нашите колективни права“, велат од ДУИ.
Со 61 глас Собранието ја разреши пратеничката Илире Даути од ДУИ од местото претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Taa не го почитувала Собранискиот деловник со тоа што не го ставила Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и ги лишила пратениците од дебата за него.
Македонија
Изгласана интерпелацијата за Илире Даути
На првата собраниска седница од годината, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути.
Интерпелацијата ја образложи Сашко Јанчев кој рече дека Даути со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочи Законот за бранители со тоа што не го става на дневен ред на Комисијата со која претседава.
Од Левица велат дека Собранието дефакто констатирало дека пратеничката Илире Даути го крши Уставот и законите со блокадата на Законот за бранители.
„Со ова се пресече јазолот во Собранието, кој ДУИ го создаде преку неделовничко и насилничко дејствување – наместо да се исползува народната волја, собраниските процедури се киднапирани“, велат од Левица.
Од партијата додаваат дека со својата проактивност го донеле мнозинството пред свршен чин, додека СДСМ и понатаму не успева да излезе од сенката на ДУИ и да фати чекор со нив кои ја водат главната опозициска борба.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Предлозите на СДСМ за аерозагадувањето не се мерки, со нив проблемот не може ни да се ублажи
Со голема сериозност ги разгледавме предлозите на СДС за аерозагадувањето прашувајќи се зошто, ако воопшто знаеле, како треба до пред 6 месеци со прст не мрднаа за да го решат ова горливо прашање. Но, сфатиме за што се работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„И така читаме да видиме дали има нешто зрело и дали се промениле во СДС, иако има поговорка кај нас дека волкот ја менува кожата но наравот никогаш, кога има што да видиме. Не само што не се промениле, туку тие продолжуваат да тонат. Да, почитувани граѓани. И тоа можело. Мерките на СДС за борба против аерозагадувањето биле да не ода на работа луѓето. И да има контрола на возилата. Ете. Толку бил едноставен проблемот.
Но, да бидеме сериозни, трагедија се обидите на СДС загадувањето да го третира како тема. Освен што играат на картата дека народот заборавил дека до пред 6 месеци беа на власт и немаа ниту една, повторуваме ниту една мерка за животната средина, тие очигледно го потценуваат и капацитетот на народот кој јасно гледа дека ова што го предлага СДС не само што не се мерки туку се избрзани прес конференции да исполнат квота за која центарот за комуникации на СДС си добива добра плата. Не само што ова не се мерки, туку се далеку од тоа што е потребно за да се реши проблемот а дури и да се ублажи. Ние планиравме секако одредени категории на вработени да препорачаме и наложиме да бидат ослободени од работни обврски, но за решавање на загадувањето потребни се сериозни чекори и длабоки промени и инвестиции. Нешто кое ние го припремаме и за кое одвојуваме буџет и нешто за чија реализација е потребно време. Да мислеа повеќе на животната средина, наместо да крадат од кај ќе стигнат, СДС ќе направеа нешто по што ќе може да ги паметиме надвор од скандалите за набавки, криминални тендери, уништување на институциите и енергетскиот систем преку пљачка на РЕК Битола и ЕСМ, измеќарството кон ДУИ и националните предавства, трагедијата од пожарот во криминалната модуларна болница на Филипче, несреќите на Дурмо турс на пајташот на ДУИ, како и многу други наместени тендери и криминални злоупотреби.
Затоа, обмислете ги убаво соопштенијата, а за тоа не е потребно само плата туку и капацитет и интегритет. Очигледно кај вас недостасуваат“, се наведува во реакцијата.