Свет
Се расчистува центарот на Бангкок
Властите во Бангкок почнаа да го расчистуваат централниот дел од градот, каде во последните пет недели имаше протести и улични судири меѓу демонстрантите и армијата
Мобилизирани се околу три илјади работници и доброволци кои треба да ги расчистат ограбените продавници и 36 запалени згради.Тајландската Влада го намали времето на полицискиот час од осум на шест часа односно од 23 до пет часот. ИСто така, најавено е дека парлемнтарните избори ќе бидат распишани веднаш штом целосно се смири ситуацијата во земјата.Градскиот транспорт во Бангкок е обновен иако со намалено работно време, а државните училишта утре ќе бидат отворени со еден недела задоцнување.Во антивладините протести во главниот град на Тајланд на 14 мај загинаа најмалку 54 луѓе, а повеќе од 400 беа повредени. Според податоци на Владата од почетокот на протестите на 12 март загинаа 85 луѓе од кои 74 цивили и 11 припадници на безбедносните сили, а 1.402 лица се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седумгодишно момче предизвикало пожар во супермаркет во Братислава: штета над еден милион евра
Седумгодишно момче намерно предизвикало пожар во супермаркет во Братислава, при што е причинета материјална штета од повеќе од еден милион евра, соопшти денеска портпаролот на регионалната полиција Михал Сеиф.
„Момчето намерно предизвикало пожар во ходникот со тоалетна хартија и пелени за бебиња. Поради неговото однесување, пожарот се проширил и на друга стока”, објаснил портпаролот по анализата на доказите, пренесе ТАСР.
Нема повредени, иако клиентите и вработените морале да бидат евакуирани.
Полицијата поведе постапка за загрозување на јавноста.
„Поради возраста на сторителот, полицијата презема различни дејствија, во соработка со вработените во службите за социјална заштита“, додаде Сеиф.
Пожарот го изгаснале 28 професионални и девет доброволни пожарникари.
Свет
Нетанјаху: Постигнат е напредок во преговорите со Хамас за заложниците
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е постигнат напредок во заложничките преговори со Хамас во Газа, но дека не знае колку време ќе му треба за да ги види резултатите.
За време на говорот во израелскиот Кнесет, Нетанјаху рече дека Израел постигнал „големи достигнувања“ на воен план на неколку фронтови и дека воениот притисок врз Хамас ги навел неговите лидери да ги ублажат нивните претходни барања, објави Ројтерс.
Тој рече дека Израел ја зајакнал својата позиција како „регионална сила“ и дека планира да го прошири договор заедно со израелскиот „американски сојузник“.
Палестинската милитантна група Хамас, која владееше со Газа, изврши прекуграничен напад врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, кога, според израелските податоци, беа убиени околу 1.200 луѓе, а 251 лице беа киднапирани.
Оттогаш, повеќе од 100 заложници се ослободени преку преговори или израелски воени спасувачки операции. Од 96-те заложници кои се уште се држат во Газа, Израел претпоставува дека 62 се уште се живи, пренесува Танјуг.
Свет
Трамп: Маск нема да биде претседател на САД, дури и да ја сака работата, нема да може да ја добие
Технолошкиот милијардер Илон Маск нема да биде претседател на САД, изјави новиот американски претседател Доналд Трамп, отфрлајќи ги забелешките на демократските пратеници дека Маск е „вистинскиот лидер“ на Републиканската партија, откако неговата онлајн кампања помогна да се намали сметката за владините трошоци, пренесуваат медиумите во светот.
Некои демократски лидери изразија загриженост за несоодветното влијание на Маск врз републиканскиот политичар, имплицирајќи дека Трамп му ја отстапил претседателската функција на технолошкиот милијардер.
Одржувајќи го својот прв говор по изборите во ноември во Феникс, Аризона во неделата, Трамп ги отфрли тврдењата.
– Не, тој нема да биде претседател, тоа можам да ви го кажам – рече тој.
– И јас сум сигурен. Знаете зошто не може? Тој не е роден во оваа земја – рече Трамп.
Дури и милијардерот да ја сака работата, тој нема да може да ја добие бидејќи американскиот устав налага американскиот претседател да биде државјанин со природно потекло, додека Маск е роден во Јужна Африка, објасни Трамп.
Забелешките доаѓаат кога демократските политичари неодамна имплицираа дека Маск е „вистинскиот лидер“ на Републиканската партија. Тврдењата следат по агресивната кампања на милијардерот да го истурка двопартискиот предлог-закон за финансирање на владата, во кој тој го нарече предлогот за трошење „криминален“, „безобразен“ и „еден од најлошите закони напишани некогаш“.
Маск и претприемачот Вивек Рамасвами се назначени да раководат со Одделот за владина ефикасност (DOGE), нова иницијатива со задача да го намали државниот отпад и да ја рационализира федералната бирократија, стои во написите.