Македонија
Клиниките ќе штрајкуваат ако не им се исполнат барањата
Вработените од Стоматолошки клиники, Психијатриската болница Бардовци и од Универзитетските клиники ќе стапат во предупредувачки штрајк доколку не им се исполнат барањата околу моделот плаќање по учинок и законот за јавни службеници
Вработените бараат да се измени моделот за плаќање по учинок кој веќе се применува во некои клиники и да бидат изземени од законот за јавни службеници, а од синдикатот на Стоматолошки клиники веќе најавија мирен протест за среда.Моделот за плаќање по учинок е тотално неупотреблив и дестимулирачки бидејќи е во комплетна колизија со постојните колективни договори, велат од Самостојниот синдикат на Клинички центри.„Моделот е во колизија со постоечкиот буџетски начин на финансирање. Буџетите по кои се работи во последните години го лимитира бројот на пациенти кои можат да бидат лекувани во јавното здравство. Го намалуваат бројот на услугите, индиректно и квалитетот на здравствените услуги, а според моделот на плаќање по учинок се бараат наднормални бројки да се изведат“, вели претседателот на синдикатот Дејан Ставриќ.Тој додаде дека имаат и апсолутно несогласување за сите начелни параметри за проценување и дека многу паушално било дадено кој проценува и како се проценува бројот на извршените услуги.Вториот проблем кој го истакнаа е законот за јавни службеници бидејќи, како што велат, докторите и оние кои работат во здравствени установи, особено во оние со терцијарна дејност, не можат да потпаднат под овој закон. Од синдикатот потенцираат дека самиот карактер на работата не може да се подведе под тој закон, како и нивните вработените.Виктор Исјановски од Психијатриската болница Бардовци, покрај двата наведени проблеми, истакна дека им се потребни и вработувања на нов кадар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

