Свет
Итен состанок на Светската здравствена организација заради свинскиот грип

Откако Мексико соопшти дека досега од вирусот на свински грип умреле 70 луѓе а во САД се регистрирани осуммина заразени, тамошните здравствени власти бараат знаци на нов вид грип за да утврдат дали вирусот и натаму се шири
Денеска во Женева се одржува итен состанок на Светската здравствена организација заради смртоносниот вирус на свински грип кој го зафати Мексико а се прошири и на САД. Претседателката на СЗО, Маргарет Чан го откажала патувањето за Вашингтон и допатувала на состанокот во седиштето на организацијата за да се изнајде решение за оваа голема опасност. Стручњаците велат дека е рано да се зборува за епидемија, но предупредуваат дека постои опасност од ширење на вирусот, од тип кој досега не е забележан кој некои стручањаци го нарекуваат соја вирус. СЗО официјално соопшти дека вирусот кај 12 мексикански пациенти генски е идентичен со новиот тип вирус на свински грип означен како H1N1, со оној кој е откриен кај осум пациенти во Калифорнија и Тексас.Генските анализи покажале дека овој тип вирус претставува никогаш досега не забележана комбинација од човечки и птичји вирус. Овој вирус, според вирусолозите отстапува од другите групи вируси и со тоа што грипот најчесто ги погаѓа главно постарите луѓе и мали деца, додека овој тип вирус е смртоносен за малдите луѓе на возраст од 25 до 45 години.Во Мексико досега се забележени 1.005 случаи на грип за кои постои сомневање дека се предизвикани со овој смртоносен вирус. Мексиканскиот министер за здравство Хозе Анхел Кордова издал наредба за избегнување на движењето во групи и задолжително носење маски, предупредувајќи дека вакцинирањето не е гаранција за спречување на заразата. Во главниот град Мексико Сити кој има 20 милиони жители, војската на улици ги дели маските. Одложени се сите спортски натпревар, концерти претстави и други масовни собирања.
Смртоноскиот свински грип од Мексико се шири во САД
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници
Свет
„Вие сте глупави луѓе“: Трамп за Путин и Зеленски доколку ги отфрлат преговорите за прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди зборовите на американскиот државен секретар Марко Рубио во врска со повлекувањето од преговорите доколку руската и украинската страна не постигнат договор наскоро.
Трамп понуди помек пристап, велејќи дека Рубио бил „во право“, но во исто време покажа поголем оптимизам во врска со изгледите за постигнување договор.
На прашањето за временската рамка во која САД би можеле да се повлечат, Трамп одговори:
– Нема конкретен број на денови, но сакаме брзо да го завршиме. Ако, поради некоја причина, една од двете страни го отежни тоа многу, ние само ќе кажеме: „Вие сте глупави, вие сте глупави. Вие сте ужасни луѓе“ и едноставно ќе се откажеме. Но се надевам дека нема да мораме“, продолжи тој.
Трамп не сакаше да каже дали е подготвен целосно да ги напушти преговорите или дали ќе продолжи воено да ја поддржува Украина доколку преговорите не успеат.
На прашањето каков напредок би требало да види за да ги продолжи преговорите, Трамп рече дека „ќе мора да види ентузијазам за заклучок“ од двете страни, предвидувајќи дека ќе знае „наскоро“.
– Мислам дека имаме навистина добри шанси да го постигнеме тоа. „Сега сè завршува“, рече тој.
Претходно американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, Соединетите Американски Држави треба да се откажат од своите напори и да продолжат понатаму, според написите во светските медиуми.
Свет
Русија: Украинците подготвуваат крвава провокација во пресрет на Велигден

Украинските вооружени сили и специјалните служби подготвуваат провокација во пресрет на Велигден во Харковската област со цел да ги дискредитираат руските војници, тврди Виталиј Ганчев, шеф на сепаратистичката администрација на Харковската област.
„Според оперативните информации што ги добивме, украинската страна подготвува крвава провокација со цел да ја дискредитира Русија во пресрет на Велигден. Имајќи ги предвид горенаведените информации, ги повикувам сите сериозно да ја сфатат оваа изјава и, доколку е можно, да не ги напуштаат своите домови на 19 и 20 април и да не одат на празнични настани и места за масовно собирање на луѓе“, изјави Ганчев за ТАСС.
Според него, слични провокации се подготвуваат и во Дњепропетровската и Полтавската област.
Овој потег доаѓа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нови напади врз енергетската инфраструктура на Украина пред и по Велигден, повикувајќи се на информации од украинските разузнавачки служби, пренесуваат светските медиуми.