Македонија
Продолжува субвенционирањето на осигурителните полиси и агротехнички анализи
Субвенционирањето на осигурувањето на примарното земјоделско производство од основни ризици и вршењето на педолошки и на агрохемиски анализи на почвата ќе продолжат да бидат финансирани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Субвенционирањето на осигурувањето на примарното земјоделско производство од основни ризици и вршењето на педолошки и на агрохемиски анализи на почвата ќе продолжат да бидат финансирани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од Министерството најавија дека со 35 милиони денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година, државата ќе покрива 60 проценти од вредноста на полисата за осигурување, а производителите за оваа мерка ќе можат да аплицираат од 24 март до 31 август.
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и оваа година во соработка со осигурителните компании ќе продолжи со одржување на трибини по населените места за промоција на оваа мерка од Програмата.
Со пари од Програмата, годинава ќе се покриваат 70 проценти од трошоците за извршена агрохемиска и педолошка анализа на почвата, а лаборатории за вршење на агрохемиски и педолошки анализи на почвата освен во Штип, ќе бидат отворени и во Битола, Струмица и Скопје.
Право да аплицираат за субвенции за осигурување и за извршена агрохемиска и педолошка анализа ќе имаат земјоделските стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а субвенции нема да добијат оние производители кои имаат долгови кон државата./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

