Свет
Грузија: Противниците на Саакшвили останаа пред парламентот
Поројниот дожд што во средата навечер се истури врз грузиската престолнина Тбилиси, не ги поколеба неколкуте стотици приврзаници на опозицијата кои останаа пред зградата на парламентот каде неколку дена протестираат со барање за оставка на претседателот
Поројниот дожд што во средата навечер се истури врз грузиската престолнина Тбилиси, не ги поколеба неколкуте стотици приврзаници на опозицијата кои останаа пред зградата на парламентот каде неколку дена протестираат со барање за оставка на претседателот Михаил Саакашвили, јави агенцијата Новости-Грузија. Дождот, како што пишува агенцијата, престанувал па повторно се засилувал, а дел од демонстрантите се засолнале под стреите на околните згради, додека организаторите на митингот делеле пластични кеси.Претходно во текот на средата Градското собрание на Тбилиси ги покани опозициските претставници од здружението „Народно собрание“, кој ја бараат оставката од претседателот на Грузија, Михаил Саакашвили, протестот да го преместат на друга локација. Исто така, кабинетот на градоначалникот на грузиската престолнина испрати предурпедување до припадниците на „Народното собрание“ дека рокот на нивното барање за митинг во центарот на Тбилиси е истечен. Во средата попладне, поддржувачите на „Народното собрание“, на чело со поранешниот претседател на парламентот Нино Буџанадѕе се преселија од пред зградата на Државната телевизија на Грузија, каде што митингуваа пет дена, пред зградата на парламентот. Активистите на здруженеито го блокираат централниот булевар „Руставели“ и локацијата каде што е поставена бината на којашто на 26-ти мај претседателот на Грузија Саакашвили треба да ја поздрави парадата во чест на Денот на независноста. Поранешниот претседател на парламентот на Грузија, Бурџанадѕе којшто ја предводи акцијата на „Народното собрание“, побара од претседателот Саакашвили да го откаже одржувањето на парадата на 26-ти мај во чест на Денот на независноста. Исто така, беше најавено дека доколку сепак парадата се одржи, опозицијата нема да ја попречува со своето однесување./крај/нг/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Европа апсолутно ги поддржува дејствијата на Америка и Израел во Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во разговор со новинарите изјави дека Европа „апсолутно ги поддржува дејствијата на САД во Иран“, нагласувајќи дека Иран е закана за Европа, за Израел и за другите земји во регионот.
На прашањето дали одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади врз Иран дошла предоцна, Руте одговори дека пред официјалното одобрување од Велика Британија, морало да се решат „правните аспекти на прашањето“, пренесува Би-Би-Си.
Тој потврди дека пред интервенцијата на САД во Иран, имал бројни разговори со американски претставници и додаде дека официјален Вашингтон и НАТО воспоставиле „тесна координација“.
На прашањето од британската јавна служба дали силите на НАТО ќе бидат вклучени во операциите во Иран, Руте одговори негативно и додаде дека „очигледно ова е кампања предводена од Американците и Израелците“, пренесува Танјуг.
Свет
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за долготрајна војна
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Ларијани, изјави дека Иран е подготвен за долготрајна војна и дека иранските вооружени сили не учествувале во напади освен во самоодбрана.
Во објава на платформата „Икс“, Ларијани порача дека Иран не го започнал овој конфликт и дека ќе се брани без оглед на цената.
Тој претходно порача дека Иран нема да преговара со САД. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новото иранско раководство сака разговори и дека тој е подготвен за тоа.
Фото: Depositphotos
Свет
Кина го поддржа Иран во одбрана од нападите, повика на итен прекин на воените операции
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи изјави дека Пекинг го поддржува Техеран во одбрана на неговиот суверенитет и територијален интегритет во услови на американско-израелски напади, пренесе АФП.
Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Ванг порача дека Кина го поддржува Иран во заштита на неговите „легитимни права и интереси“.
Во разговори со министрите за надворешни работи на Оман и Франција, Ванг ги повика САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции и да се избегне понатамошна ескалација. Тој ги обвини Вашингтон и Тел Авив за „намерно поттикнување војна“ и оцени дека со тоа се прекршуваат принципите на Повелбата на ОН.
Кина, како што наведе, е подготвена да одигра конструктивна улога преку Советот за безбедност на ОН, а иранското нуклеарно прашање, според него, треба да се врати на патот на политичко и дипломатско решение.
Фото: Depositphotos

