Свет
Шеесет жртви од сибирскиот бран во Европа
Повеќе од 60 лица починаа од последиците на бранот големи студови што ја зафати источна Европа, а во некои држави војската да помогне во обезбедувањето на храна и медицинска помош и се организираат прифатилишта за бездомниците.
Повеќе од 60 лица починаа од последиците на бранот големи студови што ја зафати источна Европа, а во некои држави војската да помогне во обезбедувањето на храна и медицинска помош и се организираат прифатилишта за бездомниците.Најмалку 30 луѓе, од кои повеќето бездомници починале во Украина во последните пет дена, соопшти во вторникот украинското министерство за вонредни ситуации. Покрај тоа, околу 500 лица биле примени во болниците поради премрзнатост и настинки или слични болести предизвикани од студот. Ова е најстудената зима во Украина во последните шест години. Вообичаено во оваа поранешна советска република температурите во зима се спуштаат околу минус 15 Целзиусови степени. Украинското министерство соопшти дека околу 1.600 прифатни центри се подготвени да понудат засолниште, храна и топли пијалаци за бездомниците. Температурата во Украина зимава падна и до минус 33 Целзиусови степени, во Бугарија, Романија и Полска се регистрирани температури од минус 30, додека во источна Босна и Херцеговина до минус 31 Целзиусов степен. Според метеоролозите овие ниски температури во источна Европа ќе се задржат најмалку до петок, а новите снежни врнежи се очекуваат од среда. Во Бугарија починаа пет, а во Романија осум лица, каде што војската минатата седмица помогна да се спасат стотици луѓе завеани во автомобилите по патиштата низ државата. Црното Море е замрзнато околу романското туристичко место Мамаја, а преку границата со Бугарија соленото езеро е замрзнато првпат по 58 години.Изминатата ноќ во Полска починатите уште пет лица, така што бројот на жртвите од студот во оваа земја се зголеми на 15. Неколку од жртвите се отруле со јаглерод моноксид поради неисправноста на системите за греење, соопшти тамошното министерство за внатрешни работи. Најмалку три лица смртно настрадаа во високите снеговит во планинските региони на југ и југоисток од Србија. Српските власти прогласија вонредна состојба во 13 општини и ги распоредија војниците и пожарникарите за снабдување со храна, вода и лекови во оддалечените села, ново вторникот според министерството за внатрешни работи животот во овие региони постепено се враќа во нормалата.Во Босна и Херцеговина десетина села се отсечени поради високите снежни навеви повеќе од два метра а во источниот дел од земјата во текот на викендот беше пронајдено тело на смрзнат маж. Смртни случаи од студовите се регистрирани и во Чешка, Литванија и Русија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.
Свет
Германските војници го напуштија Гренланд
Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој.
Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово.
Свет
Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните
Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска во врска со Гренланд, во неделата со заедничка изјава предупредија дека таквите мерки носат ризик.
„Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и носат ризик од опасна надолна спирала. Ќе останеме обединети и координирани во нашиот одговор. Посветени сме на заштитата на нашиот суверенитет“, се наведува во заедничката изјава на Обединетото Кралство, Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска.
Овие осум земји, кои одлучија да испратат свои војници на Гренланд, порачаа дека се подготвени за „дијалог врз основа на принципите на суверенитет и територијален интегритет“, зад кои цврсто стојат.
Тие повторија дека се „во целосна солидарност со Кралството Данска и народот на Гренланд“ и порачаа дека како членки на НАТО се посветени на јакнење на безбедноста на Арктикот – „заеднички трансатлантски интерес“. Во тој контекст, воената вежба на НАТО „Арктичка издржливост“ е одговор на таа потреба и „не претставува закана за никого“.
Од Париз, пак, доаѓа повик за активирање на „економската базука“ на ЕУ. Блиски соработници на францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека Франција бара од Европската унија да го активира Инструментот за борба против присила – механизам што би ѝ овозможил на ЕУ да одговори на економски закани, вклучително и ограничување на пристапот на САД до јавни набавки или трговија во сектори каде што американската страна има суфицит, ако Трамп не се откаже од најавените царини.

