Контакт

Свет

Саркози уште заостанува зад Оланд

Објавено пред

Кандидатот на француските социјалисти на претседателските избори што ќе се одржат во април годинава ја зголеми предноста пред Николас Саркози

dobivaj vesti na viber

Кандидатот на француските социјалисти на претседателските избори што ќе се одржат во април годинава ја зголеми предноста пред Николас Саркози и покрај напорите на конзервативниот претседател со реформи да го поттикне растот, вработеноста и конкурентноста, покажаа резултатите од анкетата објавена во вторникот. Така, Франсоа Оланд на изборите што ќе се одржат на 22-ри април 2012 година би требало да добие поддршка од 31 отсто од гласачите, следи актуелниот претседател Никола Саркози со 24,5 отсто, што е за 2,5 отсто поголема разлика од анкетата спроведена пред две седмици, покажува анкетата што ја спровел институтот IFPO за радиото Europe 1, телевизијата Public Sénat и неделникот Paris Match.Според анкетата објавена во вторникот, опаднала и поддршката за претседателската кандидатка на крајната француска десница и за кандидатот на центарот. Така, во првиот изборен круг Марин Лепен би требало да освои 19 наместо претходни 20 отсто, а Франсоа Беиру со 11,5 отсто наместо 12,5 отсто од гласовите.Според истата анкета, во вториот круг што ќе се одржи на 6-ти мај, Холанд би добил 58 а Саркози 42 отсто од гласовите. Анкетата е спроведена откако Саркози ги претстави реформите за надминување на француските економски проблеми, меѓу кои се зголемувањето на ДДВ-то од 19,6 на 21,2 отсто, воведувањето данок од 01 отсто на финансиските трансакции од август годинава, како и евентуалното зголемување на нивото на данокот на француското социјално осигурување CSG и формирањето државна банка за финансирање на индустрискиот развој со сопствен капитал од милијарда евра, којашто ќе биде фокусирана врз развојот на индустријата и на решавањето на проблемот со растот на невработеноста, којашто минатата година ја достигна рекордната стапка во последните 12 години.Саркози, пак, според анкета од почетокот на јануари, спроведена за весникот Le Journal du Dimanche од агенцијата IFOR,ја капитализирал централната улога којашто ја одигра во смирувањето на европската должничка криза, а неговата популарност се зголемила дури и по најавувањето на непопуларното воведување данок на трансакции и по поагресивната кампања на Оланд. Според испитувањето на јавното мнение, во првиот круг од француските претседателски избори на 22-ри април, Оланд би освоил 28 отсто, а Саркози 26 проценти од гласовите. Претходно Оланд имаше 10 отсто предност, кусо време откако социјалистите во октомври минатата година ги спроведоа внатрепариските избори кога  Оланд ги победи своите шест противкандидати. Во посебна анализа на јавната поддршка што на Саркози му ја изрази германската канцеларка Ангела Меркел од чијашто партија соопштија дека таа ќе има „активна улога“ во кампањата на францускиот претседател“, Reuters пишува дека Меркел со тоа сака да испрати порака колку за Европа е важен двоецот кој медиумите го нарекоа „Меркози“Саркози во центарот на својата кампања ја стави Европа и смета на поддршката на  Меркел, канцеларката на најсилната европска економија. Интересот на Меркел е да го задржи Саркози на власт, бидејќи со него изгради стратегија за решавањето на европската должничка криза, пишува натаму Reuters, цитирајќи ја изјавата на пратеникот од германската владејачка партија CDU дека канцеларката сака да ја избегне соработката со Оланд кого го смета за „левичарски анахронизам“. Инаку, политиката на Оланд во однос на Европа малку се разликува од онаа на Саркози, но тој неодамна му објави војна на финансиерскиот естаблишмент, што во Берлин се  толкува како тактика со којашто се сака да се соберат левичарите и да се добијат нивните гласови уште во првиот круг. Оланд, исто така, најави дека сака да ја прекине практиката според која Берлин и Париз одлучуваат за еврозоната којашто ја сочинуваат 17 членки и е посклон за тоа да одлучуваат европските институции и националните парламенти..„Французите мора да сфатат дека овие избори не се за домашните политички прашања“, предупреди Урлике Гуерот од Европскиот совет за надворешни работи во Берлин додавајќи дека изборите поточно се „транснационална изборна кампања“.Според Џан-Франсоа Коп кој ја води кампањата на партијата на Саркози UMP, оценува дека „најголемата слабост на Оланд што тој е целосно без врска со стварноста на денешниот свет“./крај/ро/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот

Објавено пред

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.

dobivaj vesti na viber

„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.

Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.

Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.

За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.

„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане

Објавено пред

Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.

Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.

Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.

Прикажи повеќе...

Свет

Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување

Објавено пред

Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.

dobivaj vesti na viber

Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.

Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.

„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.

Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија9 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија10 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ13 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија13 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет15 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет15 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет16 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион16 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет16 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...