Македонија
ЛДП: Владата прави ефтин популизам во образованието
“Министерот за образование и наука со намалувањето на партиципацијата прави ефтин популизам во образованието и им се додворува на студентите“, велат од ЛДП на денешната прес конференција.
“Министерот за образование и наука со намалувањето на партиципацијата прави ефтин популизам во образованието и им се додворува на студентите“, велат од ЛДП на денешната прес конференција.Според оваа партија, за ова да не биде само популизам, би морало веднаш да се преземе обврска и за надоместувањето на трошоците за наставата бидејќи во средствата од буџетот на МОН не е предвидена никаква ставка за покривање на трошоците на студирањето.„Овие трошоци се огромни на факултетите од областа на природно-математичките, техничките, медицинските и биотехничките науки. Без покривањето на елементарните потреби на факултетите, не е можно изведување на настава со барем минимален квалитет,“ вели професорот Владимир Петрушев, Претседател на Одборот за Образование при ЛДП.Од Либерално-Демократската партија го повикаа Министерот „да го остави настрана евтиниот популизам и да го стори она што требаше да го стори уште одамна – да го формира Советот за развој и финансирање на високото образование и наместо да се расфрла со пари за формирање на универзитети, да ги предвиди во буџетот неопходните средства за нормално работење на постојните државни универзитети./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

