Свет
Уште една видеозакана за Западот од Ал Каеда
Вториот човек на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, им порача на западните држави дека од одмазда за извршените злосторства врз муслиманите, Ал Каеда ќе презема акции за масовни убиства
Видеото кое е проследено од интернет-мрежата на светската терористичка мрежа е посветено на оперативецот на организацијата, шеикот Ибн ал Шејк ал Либи, кој годинава почина во либиски затвор.Ајман ал Завахири порачува, или како што вели, ветува – дека Ал Каеда ќе ја истражи причината за неговата смрт и дека ќе го одмазди.„Ќе ви се одмаздиме за секој загиант муџахедин, за секоја вдовица, секој сирак и за секој муслиман, ќе ги браниме сите на светот кои вие ги поробувате. Ќе разговараме со вас на јазикот што најдобро го разбирате се’ додека не престанете со насилството“, се вели во видеопораката на Завахири, што ја проследи IntelCenter кој ги следи и анализира видео и аудиопораките што се проследуваат од страна на исламистичките интернет-страници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

