Македонија
Минер од Македонска Каменица загина во “САСА“
Педестгодишниот рудар Спасевски Ѓорѓи изутрината го загуби животот во рудникот „Саса“, изјави за Макфакс портпаролот СВР Штип, Снежана Санева.
Педестгодишниот рудар Спасевски Ѓорѓи изутрината го загуби животот во рудникот „Саса“, изјави за Макфакс портпаролот СВР Штип, Снежана Санева.
Според првичните информации несреќниот настан се случил околу 5 часот изутрината додека работникот минирал во една од јамите на рудникот.
Неофицијалните информации говорат дека работникот настрадал од одрон предизвикан од вибрациите на дупчалките со кои правел отвори за поставување експлозив.
Од СВР Штип информираат дека телото на загинатиот рудар до 10 часот сеуште не било извадено од окното, бидејќи сеуште траел увидот на местото на несреќата.
Од рудникот “САСА“ за денеска напладне најавија официјално известување за причините поради кои дошло до несреќата. /крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

