Спорт
Гвардиола:Моето време во Барселона истекува
Тренерот на фудбалерите на Барселона Пеп Гвардиола, во интервју за италијанската државна телевизија РАИ, истакна дека на крајот на следната сезона би можел да го напушти кормилото на каталонскиот клуб.
Тренерот на фудбалерите на Барселона Пеп Гвардиола, во интервју за италијанската државна телевизија РАИ, истакна дека на крајот на следната сезона би можел да го напушти кормилото на каталонскиот клуб.
„Мислам дека моето време во Барселона се ближи кон крајот. Среќен сум овде, но во клубот како овој не можете да планирате долгорочна иднина. Следната сезона ќе ми биде четврта во Барселона. Клуб со таква големина мора да има многу храброст долго време да држи ист тренер. Знаете, играчите со време се заситуваат од тренерот, и обратно“, изјави 40. годишниот Гвардиола.
Со оглед на тоа дека ова интервју е објавено на 1. април, многумина помислија дека станува збор за шега, во РАИ нагласи дека не станува збор за такво нешто.
Гвардиола на клупата на Барселона го наследи Холанѓанецот Франк Рајкард во 2008. година. Во февруари го продолжи својот договор до јуни 2012. година. Со Меси и компанијата досега освои осум од можните 10 трофеи. /крај/раи/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Евролигата сака да ја тужи НБА
Челниците на Евролигата ќе ја тужат НБА, објавува „Јурохупс“.
Евролигата официјално ја информираше НБА дека би можела да покрене судска постапка доколку има дискусија за нов проект во Европа со претставници на клубовите кои веќе се обврзале на Евролигата за следните десет години.
Според извори на „Јурохупс“, Евролигата испратила писмо до НБА минатата недела, а сите клубови од Евролигата кои моментално имаат А лиценца се известени.
Овој потег уште еднаш потврдува дека Евролигата и НБА се во битка за европскиот пазар, времето ќе покаже дали ќе се случи нешто драматично во наредните месеци.
Одржан е состанок на акционерите на Евролигата, каде што на Реал Мадрид, Барселона и Асвел им беше наредено да донесат одлука за својата иднина, а се верува дека Фенербахче е исто така во таа група тимови кои не потпишаа нови лиценци.
Рокот што го поставија акционерите на Евролигата за целосна посветеност на натпреварувањето истекува во петок, па одговорите би можеле да дојдат во следните денови.
Сепак, треба да се напомене дека, законски, според важечките договори, клубовите можат да потпишуваат нови лиценци до 30 јуни 2026 година.
Се верува дека Барселона и Фенербахче ќе потпишат порано или подоцна, додека Реал Мадрид останува енигма, додека деновите на Асвел во Евролигата се избројани.
Спорт
(Видео) Дончиќ броеше до 42, Лејкерси паднаа кај последнопласираниот тим на Западот
Лос Анџелес Лејкерс претрпеа пораз во Сакраменто од последно пласираниот тим во Западната конференција, Кингс со 124:112 (32:28, 29:26, 34:29, 29:29).
Лука Дончиќ, одигра импресивни три четвртини, но „згасна“ во последната, што придонесе за поразот на „езерџиите“. 26-годишникот од Љубљана постигна 42 поени (16/25 од поле, 2/9 за три и 8/8 од поле) со седум скока, осум асистенции и четири украдени топки.
Сепак во последната четвртина постигна само два поени во четвртата четвртина. Ова беше трет пораз по ред за Лејкерс, претенденти за место во плејофот. Од друга страна Сакраменто ја забележа 10-та победа во 40-тио меч од почетокот на сезоната.
Искусниот Демар Дерозан (6 аситенции) ги предводеше Кингс до неочекувана победа со 32 поени без ниту еден шут од три поени (14/19 од поле и 4/5 од поле). Го следеше Малик Монк со 26 поени и осум асистенции, додека Расел Вестбрук го заврши натпреварот со 22 поени, пет скока и седум асистенции.
Резултати:
Кливленд – Јута 112:123
/Гарланд 23 – Џорџ 32/
Индијана – Бостон 98:96
/Сијакам 21 – Причард 23/
Торонто – Филаделфија 102:115
/Квикли 18 – Мекси 33/
Далас – Бруклин 113:105
/Флег 27 – Портер Џуниор 28/
Лос Анџелес Клиперс – Шарлот 117:109
/Ленард 34, Харден 32 – Бол 25/
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) „Помалиот“ клуб од Париз го елиминира ПСЖ од Купот на Франција
Фудбалерите на Пари Сен Жермен, во 1/16-финалето доживеаја елиминација од Купот на Франција, што, само по себе, претставува вистинска сензација.
„Џелатот“ на европските шампиони и беше градскиот ривал, Париз ФК, чиј стадион е оддалечен само 20 метри од „Паркот на принцовите“.
Интересно е што овие два тима одиграа натпревар од Лига 1 на истото место пред осум дена и тогаш „светците“ победија со 2:1, но сега помалку познатиот тим од „градот на светлината“ беше подобар со минимален резултат – 0:1.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Џонатан Иконе, напаѓач кој беше принуден да влезе во игра во 40-та минута, наместо повредениот Гори.
Во 74-та минута, по додавање од Кебала, Иконе им донесе предност на гостите, на што ПСЖ немаше одговор.
Иако Луис Енрике ги имаше на теренот Хвича Кварацхелија, Бредли Баркола, Гонзало Рамос, Фабијан Руиз, Витиња, Усман Дембеле и Дезире Дуе од 65-та минута, никој не успеа да најде пат до мрежата.
Foto/ EPA

