Свет
Сослушани девојките најдени во „Ориентал ас“
Во Основниот суд Тетово вчера беа
сослушани 10 странски државјанки, кои беа пронајдени во угостителскиот објект
„Ориентал ас“ во Боговиње, сопственост на Али Арифи.
Во Основниот суд Тетово вчера беа
сослушани 10 странски државјанки, кои беа пронајдени во угостителскиот објект
„Ориентал ас“ во Боговиње, сопственост на Али Арифи. Против
Арифи се водат истражни постапки за противправно лишување од слобода и повреда
на права од работен однос. Тој е осомничен дека противправно и без нивна
согласност ги чувал странските државјанки затворени во објектот и им ја
ограничувал можноста за движење. Освен тоа, Арифи не ги пријавил дека се
вработени во неговиот угостителски објект.
– Беа сослушани десет девојки, сите странски државјанки од Бугарија и од
Србија. По дадените искази тие беа вратени во транзитниот центар во Скопје –
изјави истражниот судија Ајрула Идризи.
За двете дела за кои се сомничи Арифи е предвидена парична казна или максимум
една година затвор. Паричната казна изнесува од 5 до 365 дневни глоби, а една
дневна глоба не може да биде пониска од 20 и повисока од 5.000 евра.
Според претседателот на тетовскиот суд, Џемали Арифи, овој предмет како и
случаите за трговија со луѓе во објектите „Реџо“ и „Вила роса“ ќе се водат во
тетовското одделение за борба против организиран криминал. За денеска е
закажано сослушувањето на четири девојки, кои беа пронајдени во пицеријата
„Вила роса“ во Камењане.
(И.Ц.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Харис: Убиството на Синвар нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа
Американскиот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека овој момент нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа.
„Правдата е задоволена. Синвар е одговорен за убиството на илјадници невини луѓе, вклучувајќи ги и жртвите на 7 октомври и заложниците убиени во Газа“, рече Харис.
Таа изрази надеж дека наскоро ќе започне „ден потоа без Хамас“ на власт во палестинската енклава, пренесува Ројтерс.
Регион
Во Србија пронајдени три деца киднапирани во Романија
Киднапирани деца од Романија, денеска биле пронајдени во српскиот град Ниш. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска за ова ја информирал министерката за внатрешнира работи на Романија.
Случајот во последните денови ја брануваше романската јавност.
Имено, министерот Дачиќ ја информирал својата романска колешка дека припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање криминал и Техничката управа, во соработка со Полициската управа во Ниш, постапувајќи по пријава за кривично дело киднапирање извршено во Романија, уапсен е романски државјанин А.М.(1970) поради сомнение дека ги грабнал неговите три малолетни деца, исто така романски државјани на возраст од 11, 9 и 8 години.
Свет
По Германија и Франција ги враќа граничните контроли
Франција најави воведување привремени гранични контроли со шест земји, од 1 ноември 2024 година до 30 април 2025 година, пишува Луксембург Тајмс.
Како што пишува овој медиум, Франција и најавила на Европската комисија гранични контроли на границите со Луксембург, Белгија, Германија, Шпанија, Италија и Швајцарија.
Минатиот месец, Германија повторно ги воведе граничните контроли со Луксембург, поставувајќи контролни пунктови долж автопатите каде Германија ја дели својата граница со Луксембург. Како и Франција и Германија ги карактеризираше своите активности како неопходен одговор на тековните безбедносни закани.