Свет
Како изгледа Осама бин Ладен?
ФБИ го објави новиот изглед на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, со надеж дека ќе помогне во пронаоѓањето на меѓународниот терорист, пишува британски Times
Се’ додека не се појават нови фотографиии на Осама бин Ладен, моментниот изглед на „терористот број еден“ би бил како комјутерскиот опис што го објави ФБИ. Во прилог на описот ФБИ доставува две фотографии, на едната прикажан во традиционална облека, со турбан на главата, а на другата Бин Ладен е претставен во современа облека, со потстрижана коса и кратка брада.„Се надеваме дека комјутерските описи ќе помогнат, кој било човек да го препознае терористот, па да може да стапи во контакт и да ги даде потребните информации на Rewards for Justice (организацијата која нуди награда за неговото апсење)“, изјавил заменик-претседателот на информациониот оддел, Роберт Икерт. На официјалната интернет -страница на ФБИ е објавена награда за фаќање на Бин Ладен. Таа изнесува 25 милиони долари.
Лидерот на Ал Каеда последен пат е виден во 2007 г. Експертите на ФБИ сметаат дека оттогаш тој не остарел многу и можеби е изменет поради сувата клима во реонот на пакистанско-авганистанската граница, каде што се претпоставува дека се крие терористот.Министерот за одбрана на САД, Роберт Гејтс, пред еден месец призна дека американската разузнавачка служба веќе неколку години нема сознанија за тоа, каде навистина се крие Осама бин Ладен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран жестоко и се закани на Америка: „Ќе се браниме до последната капка крв, нашата одбрана ќе биде болна за Американците“
Иран има „многу изненадувања“ за секој непријател што ќе го нападне, рече министерот за одбрана Азиз Насирзаде.
Бригадниот генерал ги даде овие забелешки откако Трамп ја засили својата реторика и се закани со воена интервенција во Иран по месеци смртоносни немири.
„Ќе се браниме до последната капка крв, нашата одбрана ќе биде болна за Американците“
„Доколку овие закани се претворат во акција, ќе ја браниме земјата со сите наши сили и до последната капка крв, а нашата одбрана ќе биде болна за нив“, рече Насирзаде на состанок за безбедност, според Press TV.
Тој, исто така, ги предупреди земјите што даваат помош во секој напад врз Иран дека тие „ќе бидат легитимни цели“.
„Штетата предизвикана од 12-дневната војна на Израел против Иран во јуни е поправена, а капацитетот за воено производство е зголемен“, рече Насирзаде.
Закана за напад врз бази
Претходно денеска, иранскиот режим изјави дека, во случај на интервенција на САД, ќе ги нападне нивните бази.
Ирански функционер изјави за Ројтерс: „Техеран им кажа на регионалните држави, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во овие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побара од овие држави да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
Свет
(Видео) Иран заплени десетици „Старлинк“ антени
Иранските државни медиуми вчера објавија снимки на кои се гледаат десетици „Старлинк“ антени, наводно запленети од иранските разузнавачки служби.
Потврдено е дека запленетите предмети вклучуваат најмалку 60 мини сателитски антени на „Старлинк“, стотици 5G рутери од телекомуникациската компанија „Ду“ со седиште во Дубаи и друга неидентификувана опрема. Нема индикации дека „Старлинк“ или „Ду“ дејствувале нелегално, а и двете компании се контактирани за коментар, објави „Скај њуз“.
Iran seizes LARGE cache of of Starlink equipment
It was seized on Jan 13 at the border coming in from 'neighboring country' in the region
It included receivers, signal boosters, modems, and next-gen mobile phones
(@IntelRepublic Telegram) pic.twitter.com/d4SlfT0AWZ
— Roberto Botella (@botella_roberto) January 14, 2026
Запленувањето се случува пет дена откако иранската влада го исклучи пристапот до интернет во поголемиот дел од земјата, а прекинот е веќе шести ден. Како одговор на тоа, Иранците се свртуваат кон „Старлинк“, кој се поврзува на интернет преку сателит, за да ги заобиколат ограничувањата.
Европа
Лавров: Америка го распарчува светот
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го „распарчуваат“ светот со своите постапки кон Венецуела и Иран.
Лавров рече дека САД го фрагментираат меѓународниот систем со преземање на она што тој го нарече нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и со закана кон Иран со напад.
„Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за операцијата на САД за апсење на Мадуро. Тој додаде дека Русија останува посветена на своите договори со Венецуела, руски сојузник.
Лавров посочи дека САД го оштетуваат сопствениот имиџ со напуштање на принципите што ги промовираа толку долго. „Нашите американски колеги изгледаат несигурно кога дејствуваат на овој начин“, предупреди Лавров на прес-конференција со својот намибиски колега во Москва.
Запрашан за извештајот на Блумберг дека претставникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, сакаат да ја посетат Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, Лавров истакна дека Путин постојано повторува дека е отворен за сериозни мировни разговори во Украина.
„Би било корисно ако Вашингтон ја информираше Москва за најновите мировни предлози за Украина“, истакна Лавров.

