Свет
НАТО ја покани Русија да учествува на самитот во Лисабон
Москва доби официјална покана за претстоечкиот самит на НАТО во Лисабон, соопшти рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе Риа новости
Москва доби официјална покана за претстоечкиот самит на НАТО во Лисабон, соопшти рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе Риа новости„„Добивме покана врвните руски лидери да бидат гости на самитот во Лисабон. Одговарајќи на прашањата на моите колеги во рамките на Советот НАТО – Русија, јас искрено им објаснив какви се нашите насоки и какви очекувања имаме“, рече Лавров.Лавров додаде дека во меѓусебната соработка, НАТО се фокусира на прашањата како што се потребата за зголемена соработка за практичните прашања во Авганистан, борбата против шверцот на дрога, противракетната одбрана.На 16 септември Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен предложи во рамките на НАТО самитот во Лисабон да се одржи и самит на Советот НАТО – Русија. Претходно, западните медиуми известија дека поканата до Москва е испратена за да се подобри соработката за безбедносните прашања, како што се Авганистан и Иран. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јужна Кореја планира да лансира два нови шпионски сателити за следење на Северна Кореја
Јужнокорејското Министерство за одбрана објави дека оваа година ќе лансира уште два воени шпионски сателити, со што ќе заврши планираното распоредување на пет сателити, чија цел е да се подобри надзорот на заканите од Северна Кореја.
Министерството го претстави планот како дел од своите цели за 2025 година, откако Јужна Кореја минатиот месец успешно го лансираше својот трет шпионски сателит како дел од програмата за ставање пет воени сателити во орбитата до крајот на оваа година, објави Јонхап.
Јужна Кореја го лансираше својот прв шпионски сателит во декември 2023 година, а вториот следеше во април минатата година.
Свет
(Видео) Мел Гибсон ја посети својата опожарена куќа: „Можеш да ја ставиш во урна“
Мел Гибсон ја обиколи изгорената локација што некогаш беше негов дом во Калифорнија. Сепак, се чини дека му било многу поважно да се погрижи членовите на службата за итни случаи да знаат колку тој ги цени нивните напори.
Актерот е снимен како се враќа во својот имот во Малибу за прв пат во средата, а на снимката се гледа како се ракува со пожарникарите и ја испитува штетата што ја остави смртоносниот пожар во Палисадес.
Иако сите жители сè уште не можеле да се вратат на своите имоти, Мел добил превоз од противпожарната служба додека снимал интервју придружуван од новинар на NewsNation. Иако изјавил дека се е во ред и дека е среќен што неговото семејство е безбедно, тој имал еден сувенир што сакал да го земе со себе пред да го напушти имотот – помошна масичка.
Минатата недела актерот му кажа на Џо Роган дека е „вознемирен затоа што знаел дека неговата населба е во пламен“. Тој рече дека ветровите почнале да се засилуваат во вторникот, кога заминал за Тексас. Мел додаде: „Можете да го ставите тоа во урната“, мислејќи на она што останало од неговата куќа.
Свет
Боливудската ѕвезда избодена со нож во домот во Мумбај
Познатиот боливудски актер Саиф Али Кан бил примен во болница откако бил нападнат во четвртокот рано наутро во неговиот дом во луксузен кварт на Мумбај, објавија локалните медиуми. Според градската полиција, натрапник упаднал во куќата по полноќ, што довело до судир при што актерот се здобил со повеќе повреди со нож.
Кан итно бил префрлен во болницата Лилавати, каде му била извршена операција. Нирај Утамани, главниот оперативен директор на болницата, рече дека актерот се здобил со шест убодни рани, од кои две се сериозни, вклучително и една во близина на ‘рбетот. За неговата состојба моментално се грижи специјализиран лекарски тим.
Полицијата покрена истрага. Заменик началникот на полицијата Диксит Гедам потврди дека натрапникот се соочил со Кан откако влегол во куќата. Засега не е познат идентитетот на напаѓачот.
Семејството на актерот не дава никакви изјави, додека неговиот тим за односи со јавноста ја повика јавноста да ја почитува неговата приватност. „Ги замолуваме медиумите и фановите за трпение. Ова е полициска истрага и во догледно време ќе ве информираме за ситуацијата“, се вели во соопштението.