Свет
Ирска на поправен за Лисабонскиот договор
Ирците во петок на референдум втор пат ќе одлучуваат за потврдување на Лисабонскиот договор
Ирците во петок на референдум втор пат ќе одлучуваат за потврдување на Лисабонскиот договор. Во првиот обид лани во јуни 53,4 насто од ирците го отфрлија новиот европски договор, а според последните испитувања на јавното мислење овој пат 55 проценти од населението ќе гласа за Лисабонскиот договор. Зголемувањето на довербата во Лисабонскиот договор, според аналитичарите се должи на последиците на економската криза, во која Ирска навлезе во втората половина од минатата година. Заради кризата невработеноста скокна на над 10 насто, а БДП годинава се очекува да падне за 9,8 проценти. Две од три работни места во земјата зависат од извозот во Европа им порача деновиве на своите сограѓани ирскиот премиер Брајан Ковен, додавајќи дека отфрлувањето на Лисабонскиот договор сосема извесно ќе ги одврати инвеститорите од Ирска. Сите поголеми политички партии во Ирска, вклучувајќи ги и опозиционите ги повикуваат гласачите да го поддржат европскиот договор. Против се единствено националистичкот Шин Фејн и социјалистичката партија. Противниците на Лисабонскиот договор, кои се составени од различни групации од мировници до католички екстремисти и рибари, сметаат дека европскиот договор ќе ја ограничи ирската автономија во повеќе области. Ирска е единствена членка на Европската унија, која според националното законодавство Лисабонскиот договор мора да го потврди на референдум. Брисел нема резервен план во случај на отфрлување на Лисабонскиот договор. Претседавачот со ЕУ шведскиот премиер Фредрик Реинфелд смета дека унијата мора да ја прифати одлуката на Ирска, без оглед каква ќе биде, а во случај на негативен исход ЕУ и натаму ќе функционира согласно Договорот од Ница. И доколку Ирците в петок гласаат за Лисабонскиот договор, не се отстранети сите пречки за имплементација на документот потпишан во 2007 година. Постапката за ратификација се уште не е завршена во Полска и во Чешка, каде усвојувањето во последно време се компликува. Евроскептичниот претседател на Чешка Вацлав Клаус нагласи дека нема да го потпише Лисабонскиот договор, се додека не биде потврден од сите членки на унијата. Клаус ја чека и одлуката на чешкиот уставен суд, за Лисабонскиот договор, по приговор од група евроскептички сенатори. Лисабонскиот договор, кој меѓудругото отвора пат за натамошно проширување на унијата, досега го потврдија 24 држави членки на унијата. /крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка
Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската.
Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата што ја воведе претседателот Трамп врз санкционираните танкери, објави Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X.
Through #OpSouthernSpear, the @DeptofWar is unwavering in its mission to crush illicit activity in the Western Hemisphere in partnership with @USCG, @DHSgov and @TheJusticeDept.
This morning, U.S. military forces, in support of the Department of Homeland Security, apprehended… pic.twitter.com/UPADtiw681
— U.S. Southern Command (@Southcom) January 20, 2026
САД се решени да „обезбедат единствената нафта што ја напушта Венецуела да биде онаа што е координирана на соодветен и законски начин“, соопшти САУТКОМ, додавајќи дека операцијата е спроведена „без инциденти“.
Свет
(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го добијат Гренланд, откако новинарите го прашаа за тоа на брифингот во Белата куќа по повод неговата прва година на функцијата.
REPORTER: "How far are you willing to go to acquire Greenland?"
TRUMP: "You'll find out." pic.twitter.com/pWN8YC8GFS
— Fox News (@FoxNews) January 20, 2026
„Ќе дознаете“, одговори Трамп отсечно кога го прашаа колку далеку е спремен да оди Вашингтон во процесот.
Неговите коментари доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу САД и Европа, бидејќи Трамп повторно го засили притисокот околу Гренланд, наведувајќи безбедносни проблеми и се закани дека ќе воведе нови царини за европските земји.
Претседателот на САД најави царина од 10 проценти за стоки од осум европски земји додека не се постигне договор за она што тој го нарече „целосно купување на Гренланд“.
Европа
(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени
Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона.
Според локалните власти, возот Родалиес удрил во потпорен ѕид што се урна на пругата помеѓу Гелида и Сант Садурни. Се верува дека четири лица се во критична состојба, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Клауди Гаљардо, за новинарите.
Единаесет амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во Гелида, околу 35 километри западно од Барселона, потврдија службите за итни случаи. Локалната противпожарна служба соопшти дека 35 противпожарни екипи се испратени на местото на несреќата.
Повредените се однесени во блиските болници. Лошото време го стави поголемиот дел од брегот во источна и северозападна Шпанија под висока тревога. Снежни бури беа пријавени и во шпанските Пиринеи, а силни бури беа пријавени покрај брегот на Менорка, каде што брановите достигнаа висина од неколку метри.
Несреќата во Каталонија се случи само два дена по сериозниот судир помеѓу два брзи воза во Адамуз, Андалузија. Најмалку 42 лица загинаа во таа несреќа кога вагоните на воз што се движеше кон Мадрид излетаа од шините, преминаа на спротивната пруга и се судрија со брз воз што доаѓаше од спротивната насока.

