Скопје
„Комунална хигиена“ повикува да не се палат контејнерите
Со намера да ја подобри хигиената во градот Скопје, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на изминатата година започна етапно да ги менува старите дотраени метални контејнери со нови пластични контејнери со зафатнина од 1,1 кубни метри.
„За жал, во последниот период сме сведоци на една немила појава – опожарување на новите пластични контејнери од страна на граѓаните, коишто во нив исфрлаат запалени предмети и материи, како што е недоизгасната жар од скара, опушоци од цигари и сл. На овој начин се прави огромна штета за претпријатието, но пред сѐ за граѓаните, од чиишто средства се набавуваат садовите за отпад и за коишто се наменети истите“, велат од „Комунална хигиена“.
Од таму апелираат повеќе да не се исфрлаат вжарени и недоизгаснати предмети и материи и во никој случај намерно да не се опожаруваат контејнерите, бидејќи во спротивно ЈП „Комунална хигиена“ Скопје ќе поднесе пријава до полицијата и соодветните инспекциски служби и ќе бидат преземени строги санкции за сторителите.
Истовремено, ги охрабруваат граѓаните коишто ќе забележат ваква појава, истото да го пријават на дежурниот телефон на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје: 3216 644./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности“: Герасимовски упати јавен повик за граѓанските организации
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.
Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.
Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.
„Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот Герасимовски.
Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар.
Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар – Скопје, улица „Михаил Цоков“ бр. 1, или во Архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.
Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

