Македонија
МВР:Постапено е според прописите при апсењето на новинарот
МВР при вчерашното постапување по судската потерница ги почитуваше сите правила и прописи во работењето. Во ниеден момент, на ниту еден начин не беа прекршени правата на лицето по кое беше распишана потерницата.
МВР при вчерашното постапување по судската потерница ги почитуваше сите правила и прописи во работењето. Во ниеден момент, на ниту еден начин не беа прекршени правата на лицето по кое беше распишана потерницата.
Ова се вели во денешната реакција на Министерството за внатрешни работи, што следеше по реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ) во која беше наведено дека полицајците го привеле новинарот на Форум Емил Зафировски „како најголем криминалец“.
„Фактот, дека ЗНМ (и според изјавите на присутните новинари) вчера беше целосно индиферентно, денеска не му дава за право да обвинува дека „новинарот бил третиран како најголем криминалец“. Доколку има каква било забелешка на професионалното постапување по судската потерница, внатрешната контрола при МВР му стои на располагање на ЗНМ за да ја разгледа. Во спротивно денешните инсинуации ќе ги третираме како грижа на совест која резултира со недоличен и неоснован напад врз институцијата.“, се вели во реакцијата од МВР. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.